From Wikipedia, the free encyclopedia
Битолска машка гимназија, или Битолска бугарска класична гимназија ( бугарски: Битолска българска класическа гимназия) била една од поголемите образовни центри на Бугарската егзархија и бугарската пропаганда во Македонија, но во почетокот на 20 век таа одиграла важна улога во развојот на макеоднското револуционерно движење, во гимназијата како учители работеле голем број на македонски револуционери: Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и други [2]. Била создадена со содејство на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, во учебната 1899-1900 година кога класичниот одел при Солунската гимназија бил преместен во Битола.
Битолска бугарска класична гимназија | |
---|---|
Местоположба | |
Информации | |
Основано | 1899 |
Затворено | 1913 |
Запишани ученици | 212 (1899/1900)[1] |
Прв директор на училиштето е Антон Поп Стоилов во 1899 година, по скандалот со него Христо Матов ја напуштил гимназијата. Во 1900 година на зградата на училиштето била реновирана. Таа набргу станала револуционерно жариште и се развила силна револуционерна дејност. Даме Груев се вработил како учител и формирал училиштен кружок преку кои ја ширел револуционерната идеја [3]. Во учебната 1899-1900 година во гиманзијата предавале Михаил Герџиков, Петар Мартулов и Васил Пасков [4], Јордан Бомболов и Мехмед ефенди [5]. Присуството во гимназијата на Даме и другите членови на Организацијата, придонело учениците да се револуционизираат. Најдобро состојбата ја претставува Христо Силјанов, самиот ученик во VII завршен клас, во едно писмо во кое пишал:
Под влијание на Македонската револуционерна организација дошло со училиштен бунт. Поводот за започнување на бунтот во битолската гиманзија се случил при прославата на празникот св. Кирил и Методиј на 23 мај 1899 година. Митрополитот Григориј одржал беседа за браќата Кирил и Методиј, а по него се обратил и в.д директорот Стоилов, меѓутоа тој бил насилно прекинат од учителот по историја Иван Цоков. Тој во своето обраќање ги искритувал претходните говорници и побарал:
Дополнително Цонев побарал македонскиот народен говор да биде воведен во училиштата и црквите на местото на бугарскиот литературен јазик [7]. На ваквиот настап реагирал митрополитот Григориј и следниот Иван Цоков останал без служба. Оваа случка била повод на 26 мај 1899 година да дојде до бунт во кој предводничка улога имале учителот Андон Димитров и учениците Милан Матов (братот на Христо Матов и Нестор Поповски. Меѓутоа треба да се истакне дека најверојатно зад целиот бунт стоел Даме Груев иако тоа никаде не се спомнува во официјалната егзархиска документација [8].
Бунтот довел до целосна блокада на гимазијата и пансионот. Затоа митрополитот Григориј побарал вилаетската полиција да интервенира но до тоа не дошло. Меѓутоа бидејќи и учителите биле замешани Егзархијата го суспендирала целиот учителски кадар во Битолската гиманзија, а со посебно циркуларно писмо под број 2784 од 24 август (стар стил 1899 година исклучила 18 ученици засекогаш од сите егзархиски училишта.
Есента 1902 година наставник по бугарски јазик и литература бил Крсте Мисирков. Други професори биле Атанас Јаранов - историчар, Панчо Здравев - математичар, Емануел Љапчев, наставник по турски јазик, и Парашкев Цветков по музика [9]. Во учебната 1909 година бројот на дипломираните ученици во Битолската гимназија класична биле 194, а само 16 лица се испадна од различни причини [10].
Во Битола работела и Битолската бугарска женска гимназија, а директор за кратко време бил Ефтим Спространов, во 1913 година двете гимназии биле затворени.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.