Милан Матов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Милан Матов
Remove ads

Милан Матов со псевдонимите Дантон и Раковски[1][2] (Струга, 8 ноември 1875 - Софија, 21 мај 1962 ) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание, еден од главните организатори на Тиквешкото востание и Охридското востание. По Првата светска војна бил активен во Илинденската организација и Македонскиот научен институт.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Матов е роден на 8 ноември 1875 година (нов стил) во Струга, тогаш во Отоманското Царство. Останал особено близок со својот брат Христо Матов, еден од идеолозите на Македонската револуционерна организација. Милан Матов завршил во Битолската машка гимназија.

Од крајот на 1895 година станал член на Организацијата, а од јуни 1900 година и на околискиот револуционерен комитет во Струга. Од јули 1902 до 1 март 1903 година лежел во затворот во Охрид. За време на Илинденското востание Матов бил во Струга од каде ги координирал активностите на четите во Струшкиот регион.[3] Во 1904-1905 година учителствувал во Струга. Во април 1905 година отишол во Битола и станал член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ, а во јули 1907 година бил избран и за негов претседател и истовремено за битолски окружен војвода.[4] Како таков, по прогласувањето на Младотурската револуција, во Битола нему и на четите на ВМОРО му бил организиран свечен пречек од страна на младотурците.[5][6] Во периодот помеѓу 1909-1911 година Милан Матов е училиштен инспектор во Струга. Во своите спомени за овој период војводата Матов напишал:

Една лажна гласина беше ставена во Македонија пред и по Илинденското востание, дека врховните комитети во Софија сакале присоединување кон Бугарија, а ВМРО сакало автономија. И кога во јуни 1906 година бев во Софија за напред наведеното се зазедов за разјаснување од Даме Груев и од брат ми Христо и еве што ми одговорија: „Ние сме Бугари и секогаш сме работеле и ќе работиме за обединување на бугарштината. Сите други формули се фаза за постигнување на таа цел. Не е дошол уште моментот за решавање на нашиот проблем, и затоа нема место сега за расправии и приказни од сличен вид.[7][8]

Во Првата балканска војна, Милан Матов бил војвода на чета № 24 при Македонско-одринското ополчение во Битолско,[9] потоа служел во 3 чета на 6 Охридска дружина, а за време на Втората балканска војна е во зборната партизанска чета на МОО.[10] Тој бил еден од главните организатори на Тиквешкото востание. По завршувањето на Втората балканска војна пребегнал во Албанија, каде останал до избувнувањето на Охридско-дебарското востание. По избувнувањето на востанието со чета од Албанци и Турци заминал за Македонија,[11] каде што заедно со Петар Чаулев, Павле Христов, Антон Шибаков и други, е меѓу главните организатори на востанието.

По завршувањето на Првата светска војна, Милан Матов станал активен член на Илинденската организација и на Македонскиот научен институт, а издавал и свои спомени насловени „Спомените на Милан Матов“. Во тој период се залагал за ставање крај на братоубиствените борби во ВМРО и играл улога на помирител помеѓу противничките фракции.

Милан Матов умрел на 21 мај 1962 година во Софија. Негов син е Христо Матов, правник и деец на ВМРО-СМД.

Во 2002 година се објавени неговите спомени на македонски под наслов „Комитата раскажува“.

Remove ads

Литература

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads