Бело сирење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бело сирење (или понекогаш само сирење) — вид на сирење во расол кое се прави во Македонија како и во повеќе земји на Балканот и е слично на фета сирењето. Ова сирење ужива многу висок статус во локалните кујни и е важен дел од традиционалната исхрана во овие региони со векови. Белото сирење може да се прави од овчо, козјо или кравјо млеко, а често се среќава и во комбинацијата овчо-кравјо. Сирењето е ронливо со масленост од 40-45%. Се произведува во блокчиња, со малку грануларен состав. Вкусот му е свеж и лимонест. Се употребува посебно, како и во салати и разни печени јадења.Сирњето е ценета намирница поради својата трајност, преносливост и високиот процент на масти, белковини, калциум и фосфор. Сирењето е компактна и долготрајна храна од млеко.
Бело сирење | |
---|---|
Парче сирење | |
Земја на потекло | Балкан |
Место | н/п |
Млеко од | овчо, козјо или кравјо |
Пастеризирано | зависи од видот |
Текстура | зависи од видот |
Узревање | барем 3 месеци |
Уверение | ЗП |