From Wikipedia, the free encyclopedia
Бањски град или бањско одморалиште е место кое е популарна туристичка дестинација поради здравствените придобивки на своите минерални бањи. Терминот бања се користи за градови или одморалишта кои нудат хидротерапија, која може да опфаќа третмани со ладна или минерална вода и геотермални бањи.[1]
Во Бугарија има преку 500 минерални извори, а таму се наоѓа и најтоплиот извор на Балканот - Сапарева Бања (103 °C). Други познати бањски градови се Сандански, Хисарија, Банкија, Девин, Ќустендил, Варшец и Велинград.
Најпопуларни бањски градови во Грција се Аидипсос, Сенгелово, Лутраки, Кимолос, Лутра Килинис, Валовишта (Серско), Лакос Милош, Бања (Воденско).
Србија е позната по многубројните бањски градови. Некои од најпознатите извори се Врњачка Бања, Буковичка Бања, Врујци, Сокобања и Нишка Бања. Најтопол извор во Србија е Врањска Бања (96°C) [2]
Бањски градови во Словенија се: Рогашка Слатина, Раденци, Чатеж, Моравске Топлице, Римске Топлице, Лашко и други.
Најпознати бањски градови во Хрватска се Дарувар, Шибеник и Сисак.
Бањски градови (одморалишта) во Македонија се Дебар, Куманово, Банско, Негорци, Кежовица, Катланово и други.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.