From Wikipedia, the free encyclopedia
Багет или француски леб (француски: baguette) – леб со специфични својства, карактеристичен според односот меѓу кората и средата на самиот производ. Тоа е производ со големо учество на кората во однос на вкупната грамажа на производот, па со самото тоа така е обликуван – со долгнавест кружен облик, со мал пресек.
Вообичаените димензии на багетот се: ширина 5-6 см, висина 3-4 см и должина околу 65 см. Тежи околу 250 грама.
Кората на багетот е многу крцкава и има златеста боја, додека внатрешноста, средата, е бела и мека. Начелно, багетот си го враќа обликот доколку биде притиснат и тоа е мерило дали лебот е квалитетен.
Багетот е познат како еден од типичните симболи на Франција и особено на Париз. Како и виното, беретката и сирењето, багетот станал симбол иако постојат и други видови леб во Франција, а багетот денес се наоѓа во многу земји во светот.
Обликот на багетот предизвикувал чудење и љубопитство кај посетителите на Франција уште во XIX век[2],[3]. Сепак, неговото точно потекло не е познато.
Според една варијанта, своето потекло багетот им го должи на Наполеоновите походи. Дотогаш лебот бил тркалезен за подобро да се чува. Новиот облик бил измислен од пекарниците на Наполеон за да можат војниците полесно да го пренесуваат во заден џеб на горниот дел на облеката, а не во панталоните како што често се наведува. Доколку би се пренесувал во панталоните би можел да се оштети[4].
Според друга варијанта овој леб бил измислен во Виена и неговиот облик можел да биде долгунест, но и овален. Во Франција бил донесен во текот на XIX век (во 1839 година во Виенската пекарница основана од Август Цанг[5]). Багетот го доживеал својот развој во Париз го доживеал во 1920-тите години заради пократкото време на киснење и печење во однос на другите видови леб. Во тоа време бил донесен закон кој им забранувал на пекарниците да работат пред 4 часот наутро, што било кратко време за подготовка на традиционалниот леб[6].
Според трета варијанта, ретко наведувана и доста сомнителна, е онаа според која багетот настанал при изградбата на метрото во Париз. Имено, надзорникот на изградбата на метрото имал доста проблеми со честити расправии меѓу работниците кои биле од различно потекло (Бретонци, Оверњанци...), а во тоа време секој работник секогаш со себе носел нож со кој сечел фелки леб. За да ги избегне ножевите на работните места, надзорникот побарал од некој пекар да подготви леб кој ќе може да се крши, а не да се сече. Оттука фактот за одредени пуристи дека багетот се крши, не се сече[7].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.