американски пејач, композитор и глумец (1942–2008) From Wikipedia, the free encyclopedia
Ајзак Ли Хејс (Isaac Lee Hayes; 20 август 1942 - 10 август 2008) ― американски соул музичар, композитор и глумец.
Ајзак Хејс | |
---|---|
Ајзак Хејс во 1998 | |
Роден(а) | Ајзак Ли Хејс Џуниор август 20, 1942 Ковингтон, Тенеси, САД |
Починал(а) | август 10, 2008 65) Мемфис, САД | (возр.
Почивалиште | Мемфис, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1950s–2008 |
Сопружник |
|
Деца | 14 |
Тој бил еден од најистакнатите музичари во издавачката куќа Stax Records, каде што работел како матичен текстописец и како сесиски музичар и музички продуцент. Таму кон средината на 1960-тите почнал да соработува со неговиот дологодишен партнер Дејвид Портер. Во 2005 година, Хејс и Портер биле примени во Куќата на славата на текстописците, како признание за многуте песни кои ги напишале за себе, дуото Сем и Дејв, Карла Томас и други. Во 2002 година Хејс бил примен во Куќата на славата на рокенролот.[1]
Хејс и Портер ја напишале песната "Soul Man", која ја извеле дуото Сем и Дејв, и песната добила признание како една од највлијателните песни во изминатите 50 години од Гремиевата куќа на славата. Песната исто така добила признание од Куќата на славата на рокенролот, од списанието Ролинг Стоун и од Американското здружение на музички сниматели (RIAA) како една од песните на векот. Во доцните 1960-ти, Хејс, исто така, започнал кариера како пејач. Имал неколку успешни соул албуми како Hot Buttered Soul (1969) и Black Moses (1971). Покрај неговата работа во популарната музика, тој работеше и како композитор на филмска музика.
Хејс е познат по неговата музика за филмот Шафт (1971). За „Theme from Shaft“, во 1972 година освоил Оскар за најдобра оригинална песна. Со ова тој станал трет црнец, по Хети МекДаниел и Сидни Поатје, кој освоил Оскар; и прв црнец кој освоил награда од Академијата за филмски уметности и науки во категорија која не е поврзана со глума. Истата година, Хејс освоил и две Греми награди. Подоцна, за неговиот музички албум Black Moses освоил и трета Греми награда.
Во 1992 година, Хејс бил крунисан за почесен крал на регионот Ада во Гана како признание за неговата хуманитарна дејност во таа област.[2] Тој глумел во филмови и телевизиски серии, како што се во филмовите Truck Turner и I'm Gonna Git You Sucka, и како Гандолф „Генди“ Фич во ТВ серијата „Рокфордови списи “ (1974–1980). Тој го позајмувал гласот на ликот Шеф во анимираната серија South Park од нејзиното деби во 1997 година до неговото контроверзно заминување во 2006 година.
На 5 август 2003 година, на BMI Urban Awards Хејс го добил признаниети BMI икона за неговото трајно влијание врз генерации на музичари.[3] Во текот на неговата кариера како текстописец, Хејс добил пет BMI R&B награди, две BMI Pop Awards, две BMI Urban Awards и шест Million-Air цитати. До 2008 година, неговите песни биле изведени повеќе од 12 милиони пати.[4]
Со Отис Рединг
Со Вилсон Пикет
Со Доналд Бирд и 125th Street, N.Y.C.
Со Линда Клифорд
Со Алберт Кинг
Со Вилијам Бел
Со Дион Ворвик
Со Руфус Томас
Со Еди Флојд
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.