Африканско првенство во ракомет за мажи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Африканско првенство во ракомет за мажи — официјален натпревар за сениорски национални ракометни репрезентации на Африка, кој се одржува на секои две години. Покрај прогласување на најдобрите репрезентации, турнирот служи и како квалификациски турнир за Олимписките игри и за Светското првенство во ракомет. За првпат турнирот бил одржан во 1974 година, и денес претставува најстарото континентално ракометно натпреварување. Актуелен шампион е Тунис, кој победил на турнирот во 2018 година во Габон.
Кратки факти Спорт, Основана ...
Податотека:CAHB (logo).png | |
Спорт | Ракомет |
---|---|
Основана | 1974 |
Број на екипи | 12 |
Држава | CAHB (Африка) |
Тековен првак | ![]() |
Најмногу титули | ![]() |
Затвори
Само три земји успеале да го освојат турнирот. Тунис, кој бил и победник на првото издание, го држи рекордот по освоени титули, 10 на број, по кое следува Алжир со 7 титули и Египет со 6 титули.