Астероид од типот V
From Wikipedia, the free encyclopedia
Астероиди од типот V или вестоиди — тип на астероиди од спектрален тип како 4 Веста. Околу 6 % од астероидите во главниот појас се вестоиди, при што Веста е далеку најголемата од сите нив. Тие се релативно сјајни и прилично слични на позастапените астероиди типот S; второспоменатите исто така се сочинети од каменести железа и обични хондрити, но типот V содржи повеќе пироксен од типот S.
Голем дел од вестоидите имаат орбитални елементи слични на Веста, или доволно блиску за да се дел од Вестиното семејство, или со слична занесеност и наклон, но голема полуоска помеѓу 2,18 ае и Керквудовиот јаз од 3:1 на 2,50 ае. Ова упатува дека тие потекнуваат од кората на Веста. Постојат две населенија на вестоиди — едниот настанат пред 2 милијарди години, а другиот пред милијарда години, и доаѓаат од огроммните кратери Вененеја и Рејасилвија.[1][2] Парчињата кои завршиле во резонанција од 3:1 со Јупитер излегле од Керквудовиот јаз со растројување, па некои откршоци удриле во Земјата како ХЕД-метеорити.
Електромагнетниот спектар има мошне силна впивна особина кон 0,75 μм, а друга околу 1 μм и малку покуса од 0,7 μм. Спектарот на видливи бранови должини кај астероидите од типот V (вклучувајќи ја самата 4 Веста) е сличен на спектрите кај базалтните ахондритни ХЕД-метеорити.
Типот J важи за астероидите со особено силен впивен појас од 1 μм сличен на диогенитните метеорити,[3] веројатно произлезени од подлабоките делови на кората на 4 Веста.