![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/16/Kirkwood_Gaps_mk.svg/langmk-640px-Kirkwood_Gaps_mk.svg.png&w=640&q=50)
Керквудов јаз
From Wikipedia, the free encyclopedia
Керквудови јазови или Керквудови зони се места во главниот астероиден појас во кои присуството на астероиди е многу мало. Тие одговараат на местата во кои ако би се движел астероидот неговиот период на револуција (орбитален период) би бил во целоброен однос со периодот на револуција на Јупитер (најзабележителни се соодносите 1:2, 3:5, 1:3, 2:7), т.е. тие одговараат на местата на орбитална резонанца со Јупитер.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/16/Kirkwood_Gaps_mk.svg/640px-Kirkwood_Gaps_mk.svg.png)
Внатрешна зона (a < 2.5 AЕ)
средна зона (2.5 AЕ < a < 2.82 AЕ)
надворешна зона (a > 2.82 AЕ)
Керквудовите зони се појавуваат како резултат на гравитациските влијанија на планетите (особено Јупитер и Марс), или орбиталните резонанции на планетите и астероидите, преку зголемено гравитациско влијание на планетите на астероидот, секогаш на исто место од орбитата. Ова доведува до зголемена занесеност на траекторијата на астероидот, кој потоа може да се судри со планета или да биде исфрлен од Сончевиот Систем. Пукнатините во прстените на Сатурн, кои се резултат на гравитациското дејство на сателитите на Сатурн, имаат слично потекло со Керквудовите зони . Астероидите кои се преблиску до Јупитер може да бидат исфрлени од Сончевиот Систем или да бидат туркани кон Сонцето по првата средба со Јупитер.
На пример, има многу малку астероиди со голема полуоска од околу 2,50 ае, период од 3,95 години, при што би направиле три револуции за секоја револуција на Јупитер (оттука, наречена 3:1 орбитална резонанца). Другите орбитални резонанции одговараат на орбиталните периоди чии должини се едноставни соодноси со Јупитер. Послабите резонанци доведуваат само до исцрпување на астероидите, додека скоковите во хистограмот често се должат на присуството на големо семејство на астероиди (види Список на семејства на астероиди ) .
Јазовите прв ги забележал Даниел Керквуд во 1866 година, кој исто така точно го објаснил нивното потекло поради орбиталните резонанци со Јупитер додека бил професор на колеџот Џеферсон во Канонсбург, Пенсилванија.
Повеќето Керквудови јазови се исцрпени, за разлика од резонанците на средно движење на 3:2 резонанците на Нептун со Јупитер, кои ги чуваат телата заробени за време на преселбата на џиновската планета според моделот Ница. Снемувањето на тела од Керквудовите јазови се должи на преклопувањето на ν5 и ν6 секуларните резонанции во рамките на резонанците на средно движење. Како резултат на тоа, орбиталните елементи на астероидите хаотично варираат и еволуираат планетопресекувачки орбити за време од неколку милиони години. Меѓутоа, 2:1 резонанцата на средно движење има неколку релативно стабилни места во рамките на резонанцата. Овие места се губат поради бавната дифузија кон помалку стабилни орбити. Овој процес, кој е поврзан со тоа што Јупитер и Сатурн имаат приближна 5:2 резонанца, можеби би се одвивал побрзо ако орбитите на Јупитер и Сатурн се поблиску една до друга.
Во поново време, релативно е мал бројот на новооткриени астероиди со високо орбитално занесување кои се наоѓаат во рамките на Керквудовите јазови. Вакви примери се:Алинда и Гриква групите. Овие орбити полека го зголемуваат својето занесување во временски период од десетици милиони години и на крајот ќе излезат од резонанцата поради блиските средби со голема планета. Поради ова астероидите се ретки во Керквудовите јазови.