Аризба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аризба (старогрчки: Ἀρίσβη = „онаа која патува најдобро“) — лик од старогрчката митологија, ќерка на пророкот Мероп, првата сопруга на тројанскиот крал Пријам и мајка на неговиот син Есак. Таа живеела на планината Ида во близината на Троја.[1]