Троја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Троја е град во Мала Азија, познат и како Илиом, познат како поприште на прочуената Тројанска војна, опеана во Илијада на Хомер Троја била долговремена населба сокриена во девет слоеви близу северозападниот брег на Мала Азија. Од предисториското (3000 г. п.н.е.) до римското време (II век од н.е.), Троја господарела со влезот на Дарданелите.[1] Потпирајќи се на хомеровите спевови "Илијада" и "Одисеја", овој град го открил Хајнрих Шлиман во 1868 година, на брегот Хисарлик, каде копал заедно со Дерпфелд. Пронајдени се богати археолошки наоди, особено во Троја VI која се смета за град на кралот Пријам, против кого Ахајците ја воделе прочуената Тројанска војна. Археолошкиот материјал се чува во музејот во Берлин.