From Wikipedia, the free encyclopedia
Априлското востание е востание кое било организирано од страна на бугарските русофили[3][4][5] во Османлиското Царство на 20 април 1876 година и објави во Копривштица.[6]. Востанието индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, во 1878 година. За време на востанието, се проценува дека биле убиени околу 1.000 муслимани.[7]
Априлско востание | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Големата источна криза | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Бугарски револуционери | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Георги Бенковски † Иларион Драгостинов † Панајот Волов † Стојан Заимов Стефан Стамболов Христо Ботев † | Хафуз-паша Јусуф-ага Хасан-паша |
||||||
Сила | |||||||
околу 10,000 | околу 100,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
15,000–30,000 убиени (вклучувајќи и цивили)[1] | 1,000–4,000 убиени[2] |
Во текот на XVIII век, класичните држави или империи како што била Османлиското Царство, била раководена од страна на султан. Населението на империјата се состоелo од голем број на етнички групи кои зборувале на различни јазици. Идејата за создавање на т.н. една држава-една нација, започнала да се јавува во текот на XIX век. Во текот на истиот век, Османлиите заостанувале во скоро сите погледи и технологии до европските. Поради постојаното слебеење на Османлиското Царство, властите им испорачувале тешки даноци на христијанското население. Во 1875 година избувнало Босанското востание.
Востанието било подготвено во време од два месеци. Одлуката за кревање на востание била донесена од страна на одделни активисти на Бугарскиот револуционерен централен комитет, и истото не било поддржано од ниту една надворешна сила. Така, територијата на востаниците била поделена во пет регион: Враца, Велико Трново, Сливен, Пловдив и Софија.
Востанието избувнало во Копривштица, каде било нападнато седиштето на локалната полиција. Во текот на две недели, востанието се проширило и во поголемиот дел од Бугарија. Околу 1.000 муслимани биле убиени, а многу повеќе протерени од своите домови. Ова довело до многу брза реакција на османлиските власти.
Уште од првиот ден на востанието (20 април) Високата порта и турското воено министерство дало наредба за мобилизација на армијата. За задушување на востанието бил формиран штаб во состав: Митхад паша, воен министер, Хусеин Авни паша и командант Абдул Керим паша. Кон територијата на Бугарија се упатила војска од околу 10.000 војници. Многу бргу Османлиите постигнале големи успеси. Селата кои ги зазимале биле изложени на ограбување или палење. Според Николај Овчаров, вкупниот број на загинати изнесувал околу 30.000 војници и цивили.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.