Римско Царство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Римската држава (латински: Imperium Romanum) била создадена на Апенинскиот Полуостров. Опкружен од три страни со мориња, слабо разгранет брег, имал блага клима и мошне плодна земја. Северниот дел од полуостровот е рамничарски и погоден за земјоделство, а средниот и јужниот се планини кои се погодни за развој на сточарството.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Империјата во своето најголемо проширување | |
Национална парола: Senatus Populusque Romanus (Латински: Сенатот и луѓето на Рим) | |
Службени јазици | Латински и старогрчки во источниот дел |
Главни градови | Рим; подоцна Цариград |
Влада | Монархија во републиканска форма, подоцна автократија |
Водач на државата | Император; по поделбата постои и западен римски цар и источен римски цар |
Делиберативно тело | Римски Сенат |
Површина - Вкупно - % вода | прва пред колапсот 2,3 милиони квадратни милји во својот процут ?% |
Население - Вкупно | прва пред колапсот Приближно од 55 милиони до преку 120 милиони |
Воспоставена | 2 септември 31 п.н.е. |
Распад | Поделба меѓу Западното Римско Царство, која пропадна на 4 септември 476, и Источното Римско Царство (наречена и Византија), која пропадна на 29 мај 1453. |
Прв император | Октавијан Август (27 п.н.е. - 14 година) |
Последен император | Теодосиј I (347-395) последен владетел над целата империја пред нејзината поделба. Последен западен император: Ромул Август (475-476) или Јулиј Непос, кој е на чело до неговата смрт во 480. Последен император на истокот: Константин XI (1449-1453). |
Статус пред империја | Римска Република |
Статус по империја | Западно Римско Царство, Источно Римско Царство (Византија), Франкска Империја, Свето Римско Царство |
Валута | солид, ауреус, денариј, сестерциј, ас |
edit |
Во страриот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Греција.
Етрурците ја населувале Средна Италија (ден. област Тоскана). Тие биле едни од најстарите жители на Италија. Нивното потекло сè уште не е точно утврдено. Тие во 8 и 7 век п.н.е имале свои градови со развиено занаетчиство и трговија. Градовите биле со поплочени улици, тротоари, канализација и водовод. Етрурците имале високо развиена култура. За тоа сведочат голем број на материјални остатоци. Тие извршиле големо културно и политичко влијание на римската држава.
Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата, Рим бил основан во 753 година п.н.е, но според археолошките податоци порано околу 10 век п.н.е.