From Wikipedia, the free encyclopedia
Андрос (грчки: Άνδρος) е остров во грчкиот архипелаг, најсеверниот од Кикладите, приближно 10 км југоисточно од Евбеја, и околу 3 километри северно од Тинос. Островот е долг скоро 40 км, а неговата најголема широчина е 16 км. Неговата површина е во најголема мера планинска, со многу плодни и добро наводнети долини. Андрос, главниот град на источниот брег, имал околу 2000 жители во 1900. Целиот остров, пак, имал околу 18.000 жители во 1900. Пописот од 1991 покажал 8.781 жител. Според пописот од 2001, градот Андрос имал 1.508 жители, додека вкупниот број на жители на островот бил 10.009. Островот се состои од општините на градот Андрос (4.107 жители), Кортио (2.547 жители), и Идруса (3.355 жители). Нивната заедничка површина изнесува 380,041 км2. Најголемите градови се Андрос, Каврио, Баци и Ормос Кортиу.
Андрос Άνδρος | |
---|---|
Плажа Витали | |
Географија | |
Координати: | 37°50′N 24°56′E |
Островски ланец: | Киклади |
Површина:[1] | 380,041 км² |
Највисока точка: | Кувара (995 m) |
Управување | |
Грција | |
Периферија: | Јужен Егеј |
Префектура: | Киклади |
Главен град: | Андрос (град) |
Статистики | |
Население: | 10.009 (од 2001) |
Густина: | 26 жит/км² |
Пошт. бр.: | 845 00 |
Повик. бр.: | 22820 |
Код на регистарски таблички: | EM |
Портал | |
www.androsweb.gr |
Општина | YPES код | Седиште | Поштенски код | Повикувачки број (+30) |
---|---|---|---|---|
Андрос | - | Андрос | 845 00 | 22820-2 или -5 |
Идруса | - | Гаврио | 845 01 | 22820-7 |
Кортио | - | Ормос Кортиу | 845 02 | 22820-6 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.