From Wikipedia, the free encyclopedia
Ан (од турски: han[1]) или конак[б 1] — вид гостилница и преноќиште од османлиско време за патниците и нивните каравани. Овие згради имаат штала за коњ, внатрешен двор, соби за патниците, гостилница (меана)[2] и простории за анџијата.
Зградата е напраевна од камен и има правоаголна основа, при што приземниот дел е висок 2-2,5 м. Портата е достатно висока за низ неа да помине коњ со товар. Во анот имало едно до две огништа. Постоеле анови со заеднички ноќевалишта и со посебни соби. Посебните соби биле подобро опремени, со ќилими, серџади и миндери. Креветите, масите и столиците почнале да се користат дури на крајот од XIX век. Осветлувањето било на лоени свеќи. Пред анот стоела софа, на која одморале минувачите. Во некои анови, шталата била одвоена од самиот ан.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.