Американци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Американците (англиски: Americans), помалку познати како Соединетодржавци (англиски: United Statesian)[18] ― граѓаните кои живеат во Соединетите Држави (познати и како Америка). Сите жители на Соединетите Држави немаат исто етничко и национално наследство, тие се мешавина од народи кои имаат прифатено единствен национален (државен) идентитет. Денешните Американци (освен американските староседелци - Индијанци) почнале да го населуваат регионот на САД пред околу 500 години. Американците претежно зборуваат англиски јазик. Американската култура е направена според традициите во Англија, Африка, Ирска, Велс, Германија, Шпанија, Мексико, Холандија и Шкотска.
Вкупен број | |
---|---|
316.500.000 | |
Подрачја со значајно население | |
Мексико | 738,100-1,000,000[1][2] |
Канада | 688,000–1,000,000[3] |
Бразил | 520,000[4] |
Филипини | 250,000[5] |
Обединето Кралство | 224,000[6] |
Либерија | 160,000[7] |
Франција | 100,000[8] |
Израел | 100,000[9] |
Германија | 99,600[10] |
Австралија | 56,276[11] |
Јапонија | 52,684[12] |
Саудиска Арабија | 40,000[13] |
Костарика | 40,000[14] |
Норвешка | 33,509[15] |
Либан | 25,000[16] |
Нов Зеланд | 17,751[17] |
Јазици | |
Англиски јазик (голем дел од Америнакците зборуваат шпански и германски) | |
Вероисповед | |
Христијанска религија но исто така и Јудаизам, Ислам, Будизам, Хиндуизам и други | |
Сродни народи | |
Европејци, Африканци и Азијци |
Американците според расата се делат на бели Американци и Афроамериканци. Белите Американци се мнозинството. Има 308.000.000 бели Американци во САД или 72.4% од вкупното население според пописот во 2010 година и 38.093.725 Афроамериканци или 12.4%. Останатото население се од две или повеќе раси или американски староседелци.
Американците како нивни службени јазици ги користат американскиот и афроамериканскиот англиски јазик кои се дијалекти на англискиот јазик.