From Wikipedia, the free encyclopedia
Абу Али ел-Хасан ибн ел-Хасан ибн ел-Хејтам (арапски: بو علي، الحسن بن الحسن بن الهيثم; (~965, Басра, Ирак - 1040, Каиро, Египет)[5] познат и по латинизираното име Алхазен (Alhazen) — средновековен арапски физичар, математичар и астроном.[5] Наречен е „татко на оптиката“ и прв научник кој своите заклучоци ги базирал врз научен метод. Најпознато пишано дело му е „Книга за оптиката“.
Хасан Ибн ел-Хејтам أبو علي الحسن بن الحسن بن الهيثم | |
---|---|
Алхазен (ел-Хејтам) | |
Роден(а) | ~965 Басра, Бујидски емират (денешен Ирак) |
Починал(а) | 1040 Каиро, Египет, Фатмидски калифат |
Живеалиште |
|
Полиња | |
Познат по |
|
ел-Хајтам, чие име обично се наведува како Алхазен е роден околу 965 година во Басра, денешен Ирак. Тој бил познат како “ татко” на оптичката наука, а бидејќи потекнувал од богата исламска култура што ја одликувала љубопитност и експериментирање, тој е исто така еден од првите експериментални научници. Некои го нарекувале “ втор Птоломеј”. Алхазен се образувал во Басра и во Багдад, каде што работел и како државен чиновник. Го интересирале наука и инжинерство, па кога во 1011г. слушнал за годишното излевање на Нил, му напишал писмо на калифот ел-Хаким би-Амр Алах, нудејќи му решавање на проблемот. Калифот со почести го пречекал на портите на Каиро, од каде што Алхазен отпатувал на југ за да ја изгради браната. За жал, младиот човек немал претстава за големината на реката Нил. Дури и во Асуан, далеку од брегот, Нил е широк 1,6 км и има повеќе текови. Да се изгради брана со технологија што била тогаш на располагање било речиси невозможно. Но Алхазен не можел да се врати и да му го признае поразот на калифот, кој бил познат по суровоста, бидејќи му се заканувало погубување. Затоа се преправал дека е луд, па бил ставен во домашен притвор и останал “луд” сè до смртта на калифот во 1021г.
Во домашен притвор Алхазен не го губел времето. Тој интензивно ја проучувал оптиката, истражувајќи ги семките, боите на сонцето што заоѓа, виножитата и затемнувањата. Врз основа на тие емпириски истражувања го напишал делото Книга за оптиката во седум томови или свитоци. Книгата Китаб ал-Маназир била преведена на латински јазик во 1270г. Како Opticae Thesaurius: Alhazeni Arabis. Овој труд имал големо влијание врз англискиот монах Роџер Бејкон, германскиот астроном Јохан Кеплер и Френсис Бејкон, кој во 20-тите години на 17 век пишувал за експерименталната наука.
Меѓу обработените теми бил и начинот на кој гледаме. Аристотел, а подоцна и Евклид и Птоломеј, зборувале дека кога нешто набљудуваме, зраци излегуваат од нашите очи и се одбиваат од тој предмет. Алхазен увидел дека ова е погрешно; светлина секако постои- дење е се осветлено од Сонцето, а светлината се одбива од предметите од сите насоки; ноќе Сончевата светлина ја рефлектира Месечината. Доволно е да отвориме очи и да дозволиме влегување на светлината. Со други зборови, видот е пасивна, а не активна појава, барем додека светлината допре до мрежницата. Алхазен експериментирал со очи од бик и докажал дека светлината влегува низ една мала дупка на предната страна – зеница, а леќата ја насочува на осетливата површина, мрежница, од задната страна на окото.
Алхазен направил експерименти со огледала и со леќи, но можеби најзначајниот негов придонес било тоа што покажал дека светлината се движи праволиниски. Тоа веројатно го заклучил врз основа на фактот дека цврстите предмети фрлаат остри сенки на Сончева светлина, а тоа го докажал со помош на мрачната комора (camera obscura). Поставувајќи три ламби да горат надвор, тој покажал дека се појавуваат три слики на ѕидот отспротива во внатрешноста. Кога на едната патека ја ставил раката, сликата на ѕидот исчезнувала. Тој можел да ја “фати” сликата на секој дел од правата линија меѓу дупката и ѕидот, па било логично дека светлината што ја создава сликата се движи праволиниски. Тој напишал: “ Светлината што влегува јасно може да се види на правот што го има во воздухот”. Потоа направил пренослива “ мрачна соба” во облик на шатор, што ја носел на патувања. Нема сомневање дека подвижните слики ги оставале без здив сите што имали можност да ги видат. Влијателната книга на Алхазен, Книга за оптиката, останала најдобар учебник на оваа тема сè до периодот на Исак Њутн, 650 години подоцна. Алхазен пишувал и за други области, од астрономија до психологија. Се обидел да објасни зошто Сонцето и Месечината изгледаат поголеми кога се поблиску на хоризонтот отколку кога се високо на небото. Покажал дека самракот завршува кога Сонцето е 19 степени под хоризонтот и проценил дека висината на Земјината атмосфера е 11 км. Тој го проучувал привлекувањето меѓу масите и забрзувањето како резултат на гравитацијата. Дури и тврдел дека телото ќе остане неподвижно или ќе се движи со постојана брзина освен ако на него не дејствува некоја надворешна сила; 650 години подоцна ова станал Њутновиот прв закон на движењето. Покрај овие достигања, Алхазен бил пионир на научниот метод, основа на современите научни истражувања.
АЛхазен се смета за основоположник на научниот метод Методот или процесот почнува со опсервација, што се формулира во исказ на проблемот што треба да се реши. Следува предлог на решенија, познат како работна хипотеза. Таа се проверува во експериментот, а би било идеално да го предвиди очекуваниот резултат. Ако е успешна, хипотезата може да прерасне во теорија; во спротивно, потребна е втора работна хипотеза и правење нови експерименти. Кога проблемот ќе се реши, се пишува и се објавува трудот. Алхазен ги истражувал оптичките одлики на стаклото и открил дека варира односот меѓу аглите на паѓање и на прекршување; вистинскиот однос го утврдил Санел 600 години подоцна. Алхазен ги проучувал огледалата и простите леќи, утврдувајќи ја нивната моќ за зголемување. При набљудувањето на предметите во близина, конвексната леќа создава зголемена вистинска слика, а конкавната леќа создава намалена виртуелна слика. Алхазен починал во Каиро во 1039г. Во чест на неговите многубројни и разнородни достигања, според него биле наречени еден кратер на Месечината и еден астероид, а неговиот лик се наоѓа на ирачките банкноти.
Мрачната комора или камера опскура (лат. camera obscura) “мрачна соба”. Во наједноставен облик, таа претставува мрачна соба со мала дупка на едниот ѕид и со бел ѕид спроти него. светлината од надворешниот свет влегува низ дупката и создава слика на спротивниот ѕид. сликата е свртена наопаку бледа, иако може да се засили со зголемување на дупката и вметнување на соодветна леќа за фокусирање на светлината што доаѓа. Фотоапаратот без леќи (со дупче) е мала верзија што може да се употреби за фотографирање. современиот фотоапарат е нејзин непосреден потомок, со леќа наместо дупче.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.