From Wikipedia, the free encyclopedia
Алдехидите се органски соединенија кои во својот состав имаат -CHO група сврзана за радикал.[1] Оваа група е функционална група на алдехидите и затоа се нарекува и алдехидна група. Исклучок од ова прави само првиот член од хомолошката низа на алдехидите, кој воедно има и наједноставен состав, а во структурата нема радикал. Во него, за алдехидната група има поврзано еден водороден атом.
Систематизирањето на алдехидите може да се прави според неколку критериуми:
Кај алдехидите нема положбена изомерија, туку само скелетна изомерија, односно изомерија на јаглеродната низа од радикалот. Кај диалдехидите, пак, алдехидните групи се наоѓаат на првиот и последниот јаглероден атом, и затоа нема положбена изомерија.
Алдехидите и кетоните меѓу себе покажуваат функционална изомерија.
МСЧПХ (IUPAC) ја претполага следната номенклатура за алдехидите:
Хомолошката низа на алдехидите е:
Постојат повеќе начини за добивање на алдехидите:
Кај алдехидите, за разлика од кетоните, за карбонилната група е секогаш поврзан еден водороден атом. Токму затоа карбонилната група кај алдехидите се разликува од онаа кај кетоните и затоа е наречена алдехидна функционална група.
Поради малиот волумен на водородниот атом од алдехидната група, не е попречена достапноста на различни честички од реагенсите до самата група и со тоа ја олеснува реактивноста на овие соединенија. Затоа алдехидите се релативно реактивни соединенија.
Поради поларноста на алдехидната група, пониските претставници на алдехидите можат да градат водородни врски со водата, па затоа и се растворливи во неа. Тие имаат повисока точка на вриење од алканите со блиски релативни молекулски маси, а пониска од соодветните алкохоли, бидејќи не се образуваат водородни врски меѓу молекулите од алдехидите.
Само првиот алдехид од хомолошката низа е гас, а другите се течности. Физичките својства на алдехидите како што се агрегатната состојба, растворливоста во поларни растворувачи и точката на вриење се изменуваат постепено со зголемување на нивната релативна молекулска маса.
За алдехидите се карактеристични следниве типови реакции:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.