Кетон

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кетон

Кетоните, заедно со алдехидите, се карбонилни органски соединенија чија функционална група е кето-групата. Таа е всушност карбонилна група во која јаглеродниот атом е поврзан со два радикали, што не е случај кај алдехидите, каде тој е поврзан со еден радикал и еден водороден атом.

Thumb
Кето група, карбонилна група во која има два радикали поврзани за карбонилниот С-атом.
Thumb
Ацетон, најпростиот кетон.

Поделба и изомерија

Кетоните се класифицирани на следниот начин:

  • Според радикалите на симетрични кетони (со еднакви радикали) и несиметрични (мешани) кетони (со различни радикали).
  • Според бројот на кето групите на монокетони, дикетони итн.

За кетоните е типична положбената изомерија која се јавува поради различната местоположба на кето групата. Меѓутоа, кај првиот кетон од хомолошката низа (пропанон) нема ваква изомерија. Алдехидите и кетоните, пак, од друга страна, меѓу себе покажуваат функционална изомерија.

Именување (номенклатура)

Според правилата на МСЧПХ (IUPAC), кетоните се именуваат така што за основа се зема името на јаглеводородот со ист број на јаглеродни атоми како и кетонот, вклучувајќи го и карбонилниот C-атом, и на крај се додава наставката -он. Нумерирањето на C-атомите се врши така што јаглеродот од кето групата да добие помала бројна вредност. За повеќе кетони, во употреба се тривијални имиња. Прифатена е и номенклатура според која името на кетонот се состои од имињата на радикалите и зборот кетон, кои се пишуваат одделно. На пример:

— пропанон или диметил кетон (тривијално ацетон)
— бутанон или етил метил кетон.

Добивање

Главниот начин за добивање на кетоните е со оксидација на алкохоли. Најчесто таа се изведува со силен оксиданс во присуство на концентрирана сулфурна киселина. Кетоните се добиваат со оксидација на вторични алкохоли.

Хемиски реакции

  • Адиција:
    • Нуклеофилна адиција
    • Алдолна адиција
  • Редукција
  • Оксидација
    • Јодоформна реакција.

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.