Аеродром Ница Азурен Брег
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродромот Ница Азурен Брег (француски: Aéroport Nice Côte d'Azur) (IATA: NCE, ICAO: LFMN) е аеродром сместен на 3,2 километри југозападно[1] од Ница, во департманот Поморски Алпи, во Франција. Аеродромот е оддалечен 7 километри на запад од центарот на градот и е главен аеродром за пристигнување на патниците на Азурниот Брег. Тој е третиот најпрометен аеродром во Франција по двата аеродроми во Париз, Шарл де Гол и Орли. Се наоѓа на западниот крај на Англиското шеталиште, близу Аренас и има два терминали. Поради близината до Кнежевството Монако, исто така служи како аеродром на оваа град-држава, со хеликоптерска врска помеѓу кнежевството и аеродромот.[3] Некои авиопревозници го рекламираат Монако како одредиште преку аеродромот Ница.[4]
Аеродром Ница Азурен Брег Aéroport Nice Côte d'Azur | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||||||
Аеродромски вид | Public | ||||||||||||||
Сопственик/Оператор | Aéroports de la Côte d'Azur (ACA) | ||||||||||||||
Служи за | Ница,Азурен Брег и Кнежевство Монако | ||||||||||||||
Насочен град кон |
| ||||||||||||||
Надм. височина | 4 м / 13 ст | ||||||||||||||
Координати | 43°39′55″N 007°12′54″E | ||||||||||||||
Мрежно место | en.nice.aeroport.fr | ||||||||||||||
Карта | |||||||||||||||
Прованса-Алпи-Азурен Брег покраина во Франција | |||||||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |||||||||||||||
Писта | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Хелиодром | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Статистика (2019) | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Трговската комора и индустријата од Ница Азурен Брег управуваат со аеродромот од 2008.
Доминик Тило е претседателот на Аеродроми Азурен Брег (ACA), каде е приклучен и аеродромот Кан-Манделе. Во 2010 патувале скоро 10 милиони патници преку аеродромот,[5] а бројот се зголемил за половина милион патници во 2011.[2] Аеродромот Ница Азурен исто така служи како јазол на Air France и оперативна база за easyJet.
Aéroports de la Côte d'Azur (ACA) објавиле на 26 јули 2013 дека ги поседуваат 99,9% од акциите на AGST (Аеродром Сен Тропе), претходно поседуван од групата Ребје во изминатите 15 години.
Погледнете го необработеното барање + препораки на за Wikidata.