Адреналин
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Адреналинот (или епинефрин) е хормон и невротрансмитер[1][2] кој учествува во регулирањето на висцералните функции (на пр. респирација).[1][3] Тој спаѓа во групата на катехоламини. Тој има повеќе улоги во организмот:
Систематско (IUPAC) | |
---|---|
(R)-4-(1-Хидрокси-2-(метиламино)етил)бензен-1,2-диол | |
Клинички податоци | |
Бременосна категорија |
|
Начин на издавање |
|
Начин на примена | интравенозно, интрамускуларно, интракардио |
Фармакокинетички податоци | |
Биорасположливост | Nil (орално) |
Полувреме на елиминација | 2 минути |
Екскреција | урина |
Назнака | |
CAS-број | 51-43-4 |
ATC код | A01AD01 B02 C01 R01 R03 S01 |
DrugBank | APRD00450 |
ChemSpider | 5611 |
Хемиски податоци | |
Формула | C9H13NO3 |
Моларна маса | 183,204 g/mol |
(провери) |
Како хормон, адреналинот делува на скоро сите телесни ткива врзувајќи се со адренергичните рецептори. Неговите ефекти врз различни ткива зависат од видот на ткивото и експресијата на специфични форми на адренергичен рецептор. На пример, високи нивоа на адреналин предизвикуваат релаксација на мазните мускули во дишните патишта, но предизвикуваат контракција на мазните мускули во ѕидот на артериолите.
Адреналинот е неселективен агонист на сите адренергични рецептори, вклучувајќи ги главните поттипови α1, α2, β1, β2, и β3.[4] Врзувањето на адреналинот за овие рецептори предизвикува низа метаболички промени. Врзувањето за α-адренергичните рецептори ја инхибира секрецијата на инсулин од панкреасот, ја стимулира гликогенолизата во црниот дроб и мускулите,[5] и ја стимулира гликолизата и инхибира инсулин-посредуваната гликогенеза во мускулите.[6][7] Врзувањето за β адренергичните рецептори ги стимулира секрецијата на гликагон од панкреасот, секрецијата на адренокортикотропен хормон (ACTH) од питуитарната жлезда, и липолизата во масното ткиво. Заедно, овие ефекти доведуваат до зголемено ниво на гликоза и масни киселини во крвта, со што се обезбедуваат супстрати за создавање на енергија во организмот.[7]
Во хемиски поглед, адреналинот спаѓа во група на моноамини, наречени катехоламини. Тој се синтетизира во хромафинските клетки во срцевината на надбубрежната жлезда и во мал број на неврони во продолжениот мозок по метаболички пат во кој аминокиселините фенилаланин и тирозин преку серија на интермедиери, крајно се претвораат до адреналин.[1][3][8] Прво, тирозинот се оксидира до L-DOPA со помош на ензимот тирозин хидроксилаза. Тој последователно се декарбоксилира од ензимот DOPA декарбоксилаза (ароматична L-аминокиселинска декарбоксилаза) при што се добива допамин. Допаминот се претвора во норадреналин под дејство на ензимот допамин бета-хидроксилаза. Крајниот чекор во биосинтезата на адреналинот е метилирање на примарната аминогрупа на норадреналинот. Оваа реакција е катализирана од ензимот фенилетаноламин N-метилтрансфераза (PNMT).[9] Иако PNMT воглавно се наоѓа во цитозолот на ендокрините клетки во адреналната медула (познати како хромафински клетки), мали нивоа се детектирани и во срцето и мозокот.[10]
Адреналин може да се синтетизира од реакцијата на катехол со хлороацетил хлорид, по што следи реакција со метиламин за да се добие кетон, кои се редуцира до саканото хидрокси соединение. Рацемската смеса која се добива може да се одвои со тартаратна киселина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.