From Wikipedia, the free encyclopedia
Австралазија е регион во Океанија кој се состои од Австралија, Нов Зеланд, островот Нова Гвинеја и соседните острови во Тихиот Океан. Поимот го смислил фрацускиот писател Шарл де Бросе во неговото дело „Историја на пловидбите кон австралската земја“ (фр. Histoire des navigations aux terres australes, 1756). Тој го извел зборот од латинскиот збор за „јужно од Азија“ и ја различил областа од Полинезија (источно) и југоисточниот Тихи Океан („Магеланика“). Регионот е посебен и од Микронезија (на североисток).
Геополитички земено, Австралазија понекогаш се користи како колективен збор за Австралија и Нов Зеланд, не мајќи друг збор кој се однесува токму на тие две земји. Понекогаш поимот го опфаќа и островот Нова Гвинеја (вклучувајќи ја и Папуа Нова Гвинеја и индонезискиот дел од островот). Постојат многу организации со име кое започнува со „(Кралско) австралазиско здружение“ кои се ограничени само на Австралија и Нов Зеланд.
Во минатото зборот „Австралазија“ се користел како име на здружените спортски екипи од Австралија и Нов Зеланд. Такви примери наоѓаме во тенисот помеѓу 1905 и 1915, кога Нов Зеланд и Австралија ги здружиле нивните најдобри играчи за да се натпреваруваат во меѓународниот турнир на Дејвис купот (кого го освоиле во 1907, 1908, 1909, 1911 и 1914), и олимписките игри во 1908 и 1912 година.
Од еколошка перспектива, Австралазиската екозона е посебен региоб со заедничка еволутивна историја и огромен број на ендемски растителни и животниски видови. Во овој контекст Австралазија е ограничена на Австралија, Нов Зеланд и соседните острови, вклучувајќи ги индонезиските острови источно од Ломбок и Сулавеси. Биолошката поделбена линија на овој екосистем од оној на Азија се нарекува Волесова Линија – Борнео и Бали се наоѓаат на западната, азиска страна. Нов Зеланд сочинува сосем посебна еколошка зона, бидејќи бил изолиран од остатокот од светот (заклучно со другите австралазиски земји), уште подолго време.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.