![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cd/Flag_of_Afghanistan_%25282013%25E2%2580%25932021%2529.svg/langmk-640px-Flag_of_Afghanistan_%25282013%25E2%2580%25932021%2529.svg.png&w=640&q=50)
Авганистан на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Авганистан - земја учесничка на 13 Летните олимписки игри. Никогаш немаат учествувано на Зимските олимписки игри.
Авганистан на Олимписките игри | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||
1936 • 1948 • 1952 • 1956 • 1960 • 1964 • 1968 • 1972 • 1976 • 1980 • 1984 • 1988 • 1992 • 1996 • 2000 • 2004 • 2008 • 2012 • 2016 • 2020 |
Земјата за првпат се појавува на Берлин 1936. Од тогаш има испратено свои претставници на повеќето летни игри.
Авганистан не има испратено своја екипа на Барселона 1992, и испрати само двајца натпреварувачи во Атланта 1996. На боксерот во лесна-среднотешка категорија Мухамед Џавид Аман не му било дозволено да се натпреварува, бидејќи пристигнал предоцна при задолжителното мерење и извлекување, со што единствен натпреварувач бил Абдул Басер Васики. Васики го повредил бутниот мускул пред почетокот на трката, но сепак се натпреварувал, буквално потскокнувајќи низ целиот маратон и завршил последен.[1] Во 1999 година, му било забрането да учествува на игрите поради неговиот дискриминационен однос кон жените под талибанското владеење и поради забраната на какви и да е спортски настани, поради што ги пропуштил Сиднеј 2000 година. Земјата повторно се вратила на Олимписките игри во 2002 година, по падот на талибанскиот режим,[2] и испрати пет натпреварувачи на Атина 2004. Меѓу учесниците имало и две жени, Робина Муким Јар и Фариба Разаји, првата жена која се натпреварувала за Авганистан на Олимписките игри.[3]
Авганистан испрати четири натпреварувачи,[4] од кои три беа мажи и една жена, Мебоба Адјар,[5] во Пекинг 2008 година. Адјар добивала закани по животот поради нејзиното учество на игрите.[4]
Авганистан својот прв медал како земја учесничка го освоила на игрите во Пекинг 2008 година, кога Рохула Никпаи го освојува бронзениот медал во теквондо до 58 кг, и уште еден бронзен медал освоен од Никпаи на игрите во 2012 година во теквондо мажи до 68 кг.[6]