работи што се експериментални или иновативни From Wikipedia, the free encyclopedia
Авангарда (француски изговор: [avɑ̃ɡaʁd]); од француски, "advance guard" или "vanguard"[1]) — личности или дела кои се иновативни и експериментални, особено во уметноста, културата и политиката.
Авангардата претставува рушење на границите на тоа што е прифатено како норма или како статус кво, пред сè во културните рамки. Поимот за постоење на авангардата се смета за означување на модернизам, за разлика од постмодернизмот. Многу уметници се идентификуваат со авангардата, почнувајќи од почетоците на дадаизмот преку ситуационистите па сè до постмодерните уметници како поетите од 1981.[2]
Терминот исто така се однесува на промоција на радикалните социјални реформи. Неговото значење се јавува во есејот Уметникот, научникот и индустријалецот (ориг. L'artiste, le savant et l'industriel) на сенсимонистот Олинд Родригес од 1825 година, кој го користи за првпат терминот "авангарда". Во есејот, Родригес се повикува на уметниците инсистирајќи на фактот дека "моќта на уметностите е токму оној најдиректен и најбрз начин" за социјални, политички и економски реформи.[3] Со текот на времето, авангардата се поврзува за движењето ларпурлартизам, кое се фокусира пред сè на проширување на границите на естетското искуство, отколку на социјалните теми.
Повеќе автори се обиделе да ги означат параметрите на авангардата со ограничен успех. Една од најпознатите анализи на авангардата како културен феномен е книгата „Теорија на уметноста на авангардата“ (Teoria dell'arte d'avanguardia) на италијанскиот есеист Ренато Поџиоли во 1962 година. Испитувајќи ги историските, социјалните, психолошките и филозофските аспекти на авангардата, Поџиоли оди вон поединечните примери од уметноста, поезијата и музиката да покаже дека авангардата може да се види како еден заеднички идеал или вредност кој се манифестира во неконфомистичкиот начин на живот, како на пример случајот на боемството.[4]
Други автори се обидуваат да ја разјаснат и прошират студијата на Поџиоли. Германскиот книжевен критичар Питер Биргер во делото Теоријата за Авангардата (1974) гледа во воздигнувањето од страна на установите на социјално критичните уметнички дела и тоа го асоцира со капитализмот, „уметноста како институција го неутрализира политичкото задоволство на поединечното дело.“[5]
Биргер со есејот длабоко влијае врз современиот историчар на уметност Бенџамин Х. Д. Буклох, додека пак постарите критичари како Биргер продолжуваат да ја гледаат пост-воената нео-авангарда како празна рециклирана форма и стратегија произлезена од првите две декади на 20 век. Клемент Гринберг гледа пак попозитивно, како еден вид на нова артикулација на специфични услови во културната продукција од пост-воениот период. Буклох, во збирката на есеи Нео-авангардата и културната индустрија (2000) критички расправа за дијалектичкиот пристап на овие позиции.[6]
На почетокот на Првата светска војна се јавуваат нови теми кои кај уметниците предизвикуваат чувство на страв, разочарување и изгубености тоа се огледува во делата на авангардата. Одлика е негирањето на традицијата, стремеж кон експериментирање, се истражуваат нови принципи на пишување, се замислуваат нови техники на израз, надвор од постоечките, деперсонализација, дефабуларизација или уништување на романот (нема класична фабула ниту роман) - се отфрлаат сите правила. Една од целите на авангардната уметност е да ја шокира публиката.
Концептот за авангарда се однесува претежно на уметниците, писателите, композиторите и мислителите чии дела се спротивставуваат на културните вредности на мејнстримот и често имаат остри социјални или политички значења. Еден од првите дефинитивни извештаи за авангардата е есејот Авангардата и кичот од историчарот на уметност Клемент Гринберг, издаден за Partisan Review во 1939 година.[7] Како што вели и самиот наслов, Гринберг расправа за тоа дека авангардната култура е историски спротивставено на "високата" или "мејнстрим" култура, и дека ја отфрла идејата за вештачко создадена масовна култура (мас култура) произлезена од индустријализацијата. Секој од овие медиуми е директно произлезен од капитализмот и како такви се водени од истите профитабилни мотиви од останатите сектори во производството, а не од идеалите на вистинската уметност. Поради тоа, според Гринберг овие форми се кич: лажни, фалсификати или механички култури, кои често претендираат да бидат повеќе од она што се преку користењето на формални инструменти украдени од авангардната култура. На пример, за време на триесеттите години од 20 век, рекламната индустрија се користи со визуелните маниеризми на надреализмот, но тоа не значи дека рекламните фотографии од тие години се надреалистични. Се работи за стил без суштина. На тој начин Гринберг се обидува да ја разграничи вистинската авангардна уметност од пазарната мода и површните стилски иновации кои се пример за потрошуваштво.
Слично гледиште имаат и членовите на Франкфуртската школа, вклучувајќи ги и Теодор Адорно и Макс Хоркхајмер во нивните есеи Културната Индустрија: Просветување на измамата (1944), како и Валтер Бенјамин во неговите високо влијателни "Делото на уметноста во доба на механичка репродукција" (1936).[8] Таму каде што Гринберг го користи германскиот збор кич да ја опише антитезата на авангардната култура, членовите на Франкфуртската Школа се користат со терминот масовна култура (мас култура) за да укажат дека оваа лажна култура е постојано произведена од нова произлезена културна индустрија (која вклучува комерцијално издавачки куќи, филмска индустрија, музички индустрија и електронски медиуми).[9] Тие исто така укажуваат на тоа дека порастот на оваа индустрија значи дека уметничката изврсност е заменета со мерката "продажба" како мерка за вредност. Еден роман, на пример, се оценува врз основа на тоа дали е бестселер, музиката подлегнува на процената на топ-листите и површната комерцијална логика на Златната плоча. На овој начин, автономната уметничка заслуга толку посакувана на авангардата е напуштена и продажбата станува мерка, како и оправдување, за сè. Потрошувачот е тој што ги диктира правилата.
Глобалниот капиталистички пазар, од неолибералните економии, и од она што Гај Деборд го нарекува општество на спектаклот, ги доведе современите критичари да шпекулираат за денешното постоење на авангарда. Пол Ман, во неговиот текст Смртната теорија на авангардата покажува како авангардата целосно се вметнува во денешните институционализирани структури, идеја која зподелува и Рихард Шекнер во неговата анализа за авангардните перформанси.[10]
Наспротиј централните аргументи на Гринберг, Адорно и останатите, терминот „авангарда“ е погрешно толкуван и во различни сектори на мејнстрим културната индустрија од 1960-тите години на XX век, најчесто како маркетинг алатка да се рекламира популарната музика и комерцијалниот филм. Денес е речиси нормално да се опишат рок музичарите или познатите филмски работници како авангарда. Забележувајќи ја оваа концептуална промена, многу современи теоретичари како Матеј Калинеску во Петте лица на Модерното: Модернизаз, Авангарда, Декаденција, Кич, Постмодернизам (1987) и Ханс Бертенс во Идејата за Постмодерното (1995) предлагаат дека ова знак дека нашата култура е влезена во ново постмодернистичко доба, каде бившите модернистички начини на размислување и однесување се веќе излишни.
Во секој случај, најострата критика за авангардата против мејнстрим гледиштата на општеството е напишана во доцните шеесетти години од критичарот од Њујорк Харолд Розенберг.[11] Обидувајќи се да најдат заедничка точка помеѓу идеите на Ренато Поџиоли и изјавите на Клемент Гринберг, Розенберг предлага дека од средината на 1960-тите години па наваму, прогресивната култура, престанува да ги задоволува поранешните антагонистички улоги. Оттогаш се сплотени од „авангардните духови“ од една страна и од масовната култура на друга страна. На тој начин, културата станува „професија, чии аспекти се изговор за нејзиното рушење“.[12] Во есејот „Машина на славата“ од 1951 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале вели дека новата авангарда од периодот по Втората светска војна вреди помалку од старата авангарда, но за жал, ќе трае подолго зашто ги усогласува суетата на уметниците со нивните интереси. Новата авангарда, која тој ја нарекува „буржоаска авангарда“, претставува уметност за која веднаш се гледа како е направена, уметност која на сите им кажува „колку сум интелигентна“, а која се состои во тоа што веќе потрошените нешта ги зачинува со нов сос.[13] Слично на тоа, во есејот „Уметност за сите“ од 1957 година, процесот што Теодор Адорно го нарекол „стареење на авангардата“, Монтале го опишува како општо побуржуавување на сите авангардни движења, кои се толку повеќе буржоаски, колку што се поавангардни.[14]
Авангардата во музиката се однесува на било која музичка форма надвор од традиционалните структури, прекршувајќи ги границите на било кој начин,[15] или пак да се опише дело на било кој музичар кој радикално се разликува од традицијата.[16] Како поважни авангардни композитори се издвојуваат: Арнолд Шенберг,[17] Чарлс Ајвс, Игор Стравински, Антон Веберн, Албан Берг, Хенри Кауел,[17] Хери Парч,[17] Оливие Месијан, Елиот Картер, Џон Кејџ,[17] Карлхајнц Штокхаузен,[18], Френк Запа и други. Во џезот може да се цитира првиот бран на експерименти асоцирани со бибопот, како Чарли Паркер, Телониус Монк, Декстер Гордон и Бад Пауел и вториот бран поврзан за фри џезот, како Орнет Колман, Ерик Долфи, Сесил Тејлор, Алберт Ајлер и последните изданија на Џон Колтрејн.
Еден од авангардните обиди во поново време е појавата на музика на тишината. Така, американската фанк група Валфпек измисли несекојдневен начин да заработи објавувајќи албум на кој се наоѓаат десет „песни“, кои не се мелодија, туку целосна тишина[19]
Авангардата во театарот има значителна историја во 20 век. Таа започнала на крајот од 19 век со Алфред Жари и неговата Ubu plays која била реакција на дотогашното пишување претстави. Авангардниот театар постојано е во потрага по експерименти и новитети во изразувањето.[20] како и за тоа да создаде нови и креативни односи со гледачите. Како другите форми на авангарда, и театарот е одговор на вообичаените форми и претставува реакција на општата културна криза. Постојат движења во театарот кои дале придонес на традицијата на авангардата како во САД такаи во Европа. Меѓу нив, Флуксус, Хепенингс и Нео-Дада.
„Авангарда“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.