А1-телевизија
From Wikipedia, the free encyclopedia
А1-телевизија или само А1 — поранешен приватен електронски медиум во Република Македонија. Иако првите новинари биле дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создала свој кадар, кој се одликувал со препознатлив репортерски стил. Првиот сигнал во телевизијата го добила на 22 јануари 1993 година, а национална концесија добила во 2001 година. А1-телевизија пред нејзиното затворање била една од најгледаните телевизии во Република Македонија. Во 2012 година започна со работа и интернет верзијата на А1, А1он.мк
А1-телевизија | |
---|---|
![]() | |
Отпочната | 22 јануари 1993 |
Прекината | 31 јули 2011 |
Сопственик | Велија Рамковски |
Формат на слика | 4:3 (576i, SDTV) |
Држава | Скопје, Македонија |
Јазик | македонски |
Област на емитување | Македонија |
Седиште | Ул. Перо Наков бб 1000, Скопје |
Сестрински канал(и) | А2-телевизија |
А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на Конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.
По повеќе од 18 години најстарата, приватна телевизија престана да емитува програма на 31 јули 2011 год. поради одлука на АЕК. Директорот на АЕК донел решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1-телевизија ДООЕЛ — Скопје има отворено стечајна постапка. Дел од македонските експерти сметаат дека ова е пресметка на владејачката партија со А1-телевизија која известувала од опозициска страна. Сопственикот на А1-телевизија и уште неколку негови соработници во исто време се во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок. На 1 јули 2008 година, во рамките на А1-телевизија била оформена и нова А2-телевизија.