From Wikipedia, the free encyclopedia
Џони Мичел (анг: Joni Mitchell; родена како Роберта Џоан Андерсон на 7 ноември 1943) — канадско-американска пејачка, текстописец и сликарка. Нејзините песни кои содржат елементи на фолк, поп, рок, класична музика и џез, често се однесуваат на социјалните и филозофските идеали, како и на нејзините чувства за романса, женственост, разочарување и радост. Џони Мичел има добиено многу признанија, меѓу кои се десет Греми награди и прием во Куќата на Славните на Рокенролот во 1997 година. Ролинг Стоун ја нарекол „една од најдобрите текстописци досега“,[1] а AllMusic навел: „Кога ќе налегне прашината, Џони Мичел може да испадне најважна и највлијателна музичарка од крајот на 20 век“.[2]
Џони Мичел | |
---|---|
Џони Мичел на Кенеди центар почестите, декември 2021 | |
Роден(а) | Роберта Џоан Андерсон 7 ноември 1943 Форт Меклеод, Алберта, Канада |
Државјанство |
|
Страница jonimitchell.com |
Џони Мичел музичката кариера ја започнала со пеење во мали ноќни клубови низ западна Канада, а потоа и во ноќните клубови во Торонто. Во 1965 се преселила во Соединетите Американски Држави и започнала со турнеи. Некои песни кои таа ги напишала („Urge for Going“, „ Chelsea Morning “, „ Both Sides, Now “, „ The Circle Game“) биле снимени од други фолк пејачи, што и овозможило да потпише со Reprise Records и да го сними нејзиниот деби албум. Song to a Seagull, во 1968 година.[3] Со нејзините песни како „Big Yellow Taxi“ и „Woodstock“ одиграла клучна улога во фолк-рок движењето, кое доминирало на музичката сцена во тоа време Нејзиниот албум од 1971 година Blue често се наведува како еден од најдобрите албуми на сите времиња; албумот се наоѓа на 30-то место на листата од Ролинг Стоун од 2003 година за „500 најдобри албуми на сите времиња“,[4] а се искачил на 3-то место во изданието од 2020 година.[5] Во 2000 година, The New York Times го избрал албумот Blue како еден од 25-те албуми кои се „пресвртни точки и кулминација во популарната музика од 20 век“.[6] NPR, во 2017, албумот Blue го ставила на прво место на листата за „Најдобри албуми направени од жени“.[7]
Во нејзиниот албум Court and Spark (1974) песните се помелодични и под влијание на џезот. Албумот ги содржел радио хитовите "Help Me" и "Free Man in Paris“ [8] и станал нејзин најдобро продаван албум. Околу 1975 година, нејзиниот вокал од мецосопран почнал да преминува во контраалт.[9][10][11] Нејзините специфични композиции за пијано и хармонична гитара, исто така, станале похармонични и ритмички покомплексни затоа што биле спој на џезот со рокенролот, R&B, класичната музика и незападните ритми. Во доцните 1970-ти, започнала да работи со познати џез музичари, како: Џако Пасториус, Вејн Шортер, Херби Хенкок и Пет Метини, а Чарлс Мингус ја замолил за соработка на неговите последни песни.[12] Подоцна се свртела кон поп и електронската музика и била активна во политички протести. Во 2002 година, била наградена со Греми за животно дело,[13] а во 2021 станала лауреат на наградите од Центарот Кенеди.[14]
Џони Мичел била продуцент или копродуцент на повеќето нејзини албуми. Во 2007 година го издала својот 17-ти и последен албум со авторски песни. Таа ги дизајнирала кориците на повеќето од своите албуми.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.