From Wikipedia, the free encyclopedia
Јури Рафи Џоркаеф (роден на 9 март 1968) — поранешен француски фудбалер кој играл како напаѓач или како офанзивен играч од средниот ред. Со француската репрезентација, Џоркаеф ги освоил Светското првенство 1998 и Евро 2000. Тој е син на поранешниот фудбалер Жан Џоркаеф.
Јури Џоркаеф | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 март 1968 | ||
Роден во | Лион, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,79||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2006 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1984-1989 | Гренобл | 82 | (23) |
1989-1990 | Стразбур | 35 | (25) |
1990-1995 | Монако | 155 | (59) |
1995-1996 | Париз Сен Жермен | 35 | (13) |
1996-1999 | Интер | 87 | (30) |
1999-2002 | Кајзерслаутерн | 55 | (14) |
2002-2004 | Болтон | 75 | (20) |
2004 | Блекбурн Роверс | 3 | (0) |
2005-2006 | Њујорк Ред Булс | 40 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
1993-2002 | Франција | 82 | (28) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Џоркаеф е роден од Калмик-полски татко и ерменка мајка во Лион.[1]
Тој ја започнал својата кариера во 1984 година во францускиот клуб Гренобл, пред да се пресели во Стразбур во 1989 година, Монако во 1990 година, а потоа и во Париз Сен Жермен во 1995 година. Во 1994 година, Џоркаеф бил најдобар стрелец во Лига 1 со постигнати 20 голови.
Во 1996 година, тој потпишал со италијанскиот клуб Интер, а во 1999 година се преселил во Германија во Кајзерслаутерн. Џоркаеф го изненадил речиси сиот фудбалски свет, кога потпишал со англискиот клуб Болтон во 2002 година, но додал многу класа на тимот за време на неговиот три-сезонски престој таму, што резултирало со создавање на меѓународен "дрим-тим" откако на клубот му се приклучиле и фантастичниот нигериец Џеј-Џеј Окоча и поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Иван Кампо. Тој потоа се преселил во Блекбурн Роверс играјќи за нив во сезоната 2004-05, но си заминал од клубот, откако одиграл само три натпревари. Џоркаеф потоа потпишал со МетроСтарс во МЛС лигата во февруари 2005 година за 180.000 $ плус бонуси. Тој станал првиот француски играч кој играл во МЛС и ја завршил сезоната како МВП на тимот со десет гола и седум асистенции во првенствените натпревари.
Џоркаеф најавил уште од самиот почеток дека тој ќе ги обеси неговите копачки на крајот од сезоната 2006, и играл за ребрендираниот Њујорк Ред Булс.[2] На 1 јули 2006 година, тој бил забележан од толпата француски навивачи на натпреварот меѓу Франција и Бразил од Четвртфиналето на светското првенство откако им кажувал на официјалните лица на Ред Булс дека ќе го напушти клубот за да присуствува на "неочекувана, сериозна семејна работа во Франција". По неговото враќање, тој открил дека целта на неговото заминување требало да биде неговата болна мајка и го минимизирал значењето на гледањето на натпревар од Светското првенство.[3]
Тој се пензионирал од фудбалот на 29 октомври 2006 година, откако бил надвор од конкуренција за реванш полуфиналниот натпревар од Источната конференција поради повреда на глуждот.[4]
Џоркаеф го освоил Купот на Победниците на Куповите со Париз Сен Жермен во 1996 година и Купот на УЕФА со Интер во 1998 година. Тој настапил 82 пати и постигнал 28 гола за Франција. Освен двата главни турнири (на Светското првенство 1998 и УЕФА Евро 2000), Џоркаеф исто така играл за неговата земја и на УЕФА Евро 1996 и Светското првенство 2002.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.