Јохан Готлиб Фихте
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јохан Готлиб Фихте (герм. Johann Gottlieb Fichte; 19 мај 1762 - 27 јануари 1814) — германски идеалистички филозоф. Еднa од основачките фигури на филозофско движење познато како германски идеализам, кое се создало од теоретските и етичкитe дела на Имануел Кант. Фихте често се смета за личност чија филозофија претставува мост меѓу идеите на Кант и на идеалистот Георг Вилхелм Фридрих Хегел. Од неодамна филозофите и научниците почнаа да го ценат Фихте како важен филозоф и неговото гледиште кое се должи на неговата оригинална проникливост во природата на сознанието или самосвест. Како Декарт и Кант пред него, тој бил мотивиран од проблемот на субјективноста и сознанието. Фихте исто така пишувал политичка филозофија и се смета за еден од татковците на германскиот национализам.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Јохан Готлиб Фихте Johann Gottlieb Fichte | |
---|---|
Роден(а) | 19 мај 1762(1762-05-19) Раменау, Горна Лужица (во Саксонија) |
Починал(а) | 27 јануари 1814(1814-01-27) (возр. 51) Берлин, Прусија |
Период | Филозофија на XVIII век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | идеализам, романтизам, неокантијанство, посткантијанство |
Претежна дејност | самосвест и самосознание, етика, политичка филозофија |
Значајни идеи | апсолутна свест, теза-антитеза-синтеза, не-јас, стремеж, заемно препознавање |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |