германски писател и мислител From Wikipedia, the free encyclopedia
Новалис (германски: Novalis), псевдоним на Георг Филип Фридрих Фрајхер фон Харденберг (Georg Philipp Friedrich Freiherr von Hardenberg, 1772 — 1801) — еден од најважните германски писатели и филозофи на раниот романтизам . Припаѓал на кругот на „романтичарите од Јена“.
Новалис | |
---|---|
Портрет направен од Франц Гарејс | |
Роден/а | Георг Филип Фридрих Фрајхер фон Харденберг 2 мај 1772 Видерсштед, Саксонија |
Починат/а | 25 март 1801 28) Вајсенфелс, Саксонија | (возр.
Псевдоним | Новалис |
Националност | Германец |
Апсолвент на | Универзитет на Јена Универзитет во Лајпциг Универзитет во Витенберг |
Книжевно движење | Јенски роматизам[1] |
Тој ги засновал своите филозофски концепти на „религијата на љубовта“ и „магичниот идеализам“ врз мислата на Јохан Фихте . Тој ги поврзувал уметноста и религијата и тврдел дека целта е да се направи видлива апсолутна интуиција. Новалис велел дека задачата на човештвото е „да ја образова Земјата“. Ова ќе донесе човештвото да влезе во новото златно доба на хармонијата помеѓу човекот и природата.
„Хајнрих од Офтединген“ останал нецелосен и бил објавен по неговата смрт, но станала парадигма на романтичното движење. Синиот цвет спомнат во него, исто така, станал симбол. Овој роман припаѓа на жанрот на „билдунгс романи“.
Поетските дела на Новалис се: „Химните на ноќта“, „Фрагменти“ и „Духовни песн“. Шесте хинали на Новалис (објавени во 1800) содржат автобиографски елементи. Нивната тема е нивното романтично толкување на единството на животот и смртта, каде што ноќта ја претставува границата меѓу нив. „Фрагменти“ е напишан помеѓу 1795 и 1800 година. Тоа е колекција на мисли, афоризми и кратки коментари за филозофијата, естетиката и литературата. „Духовни песни“ се интимна и ритмичка поезија наменета за пеење. Во нив, Христос се појавува како симбол на единството на поезијата и религијата.
Во есејот „Христијанство или Европа“ Новалис изразува романтична носталгија за времињата кога средновековната Европа била обединета во христијанството. Тој е противник на просветителството и Француската револуција, за која тврди дека ја уништила европската духовност.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.