Готлоб Ернст Шулце
германски философ / From Wikipedia, the free encyclopedia
Готлоб Ернст Шулце (герм. Gottlob Ernst Schulze, 23 август 1761 — 14 јануари 1833) е германски филозоф, претставник на скептицизмот. Роден е во месноста Хелдрунген (денес во Тирингија). Професорувал во Витенберг, Хелмштет и Гетинген.[1] Неговото највлијателно дело е „Енесидем“ (Aenesidemus), каде авторот преку скептична полемика се обидува да ги побие исказите во „Критика на чистиот разум“ од Имануел Кант и „Филозофија на елементите“ од Карл Леонхард Рајнхолд.
Во Гетинген, Шулце станал ментор на идниот филозоф Артур Шопенхауер кого го посоветувал да се задржи на изучувањето на Платон и Кант. Овој совет имал големо влијание во филозофијата на Шопенхауер. Во зимскиот семестар 1810/1811, Шопенхауер кај Шулце изучувал и психологија и метафизика.[2]
Шулце починал во Гетинген.