From Wikipedia, the free encyclopedia
Јанис Ксенакис (Грчки: Ιάννης Ξενάκης; 29 мај 1922 – 4 февруари 2001 ) е грчки композитор, теоретичар на музика, архитект и инженер. По 1947, пребегнува од Грција во Франција, каде што станува натурализиран француски државајанин. Тој е често препознаен како еден од најважните авангардни композитори од втората половина на 20 век.[1][2] Ксенакис е пионер во употребата на математички модели во музиката како и користењето на теорија на множествата, стохастични процеси и теорија на игрите, имајќи го најголемото влијание во развојот на електронската музика и компјутерската музика. Тој ја интегрираше музиката со архитектурата, дизајнирајќи музика за постоечки простори, како и дизајнирајќи простори за изведба на одредени композиции и перформанси.
Меѓу неговите најважни композиции, се издвојуваат Metastaseis (1953–4) за оркестар, која воведе независни делови за секој музичар од оркестарот; композиции за перкусии како Psappha (1975) и Pléïades (1979); дела кои ја воведуваат просторната дистрибуција на звукот преку разместување на музичарите меѓу публиката, како Terretektorh (1966); електронски дела создадени преку употребата на неговиот UPIC систем; и масивните мултимедијални перформанси кои Ксенакис ги нарекува "политопи". Меѓу многубројните теоретски дела, книгата Formalized Music: Thought and Mathematics in Composition (француско издание 1963, англиско издание 1971) е едно од најзначајните. Како архитект, Ксенакис е познат по неговите рани дела под водство на Ле Корбизје како Санта Мари де ла Туре, каде што двајцата архитекти соработувале, и Филип Павилион на Експо 58, проектиран од самиот Ксенакис.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.