From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕвездородна галаксија — галаксија во која има создавање на ѕвезди во толку голем број, што споредено со долгопериодичната просечна стапка на создавање на ѕвездите е мошне поголема во споредба со останатите галаксии. Во ѕвездороднарта галаксија, чекорот со кој се создаваат ѕвездите е толку висок што галаксијата целосно ќе ги истроши количествата на гас во галаксијата, од кои се создаваат ѕвездите, во временски период многу покус од староста на галаксијата. Знаејќи го ова, ѕвездородната природа на галаксијата е само фаза, и карактеристично е дека оваа фаза е само кус период од развојот на галаксијата. Поголемиот број на ѕвездородни галаксии се во фаза на судири или се во бизок контакт со друга галаксија. Познати ѕвездородни галаксии се: M82, NGC 4038/NGC 4039, и IC 10.
Ѕвездородните галаксии се опишани со овие три меѓусебно поврзани фактори:
Често употребени дефиниции се:
Ѕвездородните галаксии произведуваат големо количество на молекуларен гас во мал волумен. Галаксиите во средина на ѕвездообразбата често покажуваат плимни опашки, кои укажуваат на блиска средба со други галаксии или галаксии кои се моментално во процес на спојување. Заемодејството помеѓу галаксиите кои не се спојуваат може да предизвика нестабилни вртежни движења, како што е нестабилноста на пречката, што предизвикува гасот да биде пренасочен спрема јадрото и да доведе до создавање на ѕвезди во близина на галактичкото јадро.
Класификацијата на видовите на ѕвездородните галаксии е тешка бидеќи ѕвездородните галаксии не претставуваат посебен вид галаксија самите по себе. Ѕвездообразбата може да се случи во дискови галаксии и неправилни галаксии кои често покажуваат јазли кои се шират во ѕвездообразбата на неправилните галаксии. И покрај тоа, астрономите ѕвездородните галаксии обично ги класифицираат врз основа на одликите од набљудувањата. Некои од категориите вклучуваат:
Прво, ѕвездородната галаксија мора да има големо снабдување со гас достапно за создавање на ѕвездите. Самиот излив може да биде предизвикан од страна на блиска средба со друга галаксија (како M81/M82), судир со друга галаксија (како што се Пипки), или од друг процес кој ги присилуваат материјалот во центарот на галаксијата (како што е ѕвездената пречка).
Внатрешноста на ѕвездообразбата е сосема екстремна животната средина. Големи количини на гас значи дека се создаваат многу масивни ѕвезди. Младите, топли ѕвезди јонизираат гас (воглавно водород) околу нив, создавајќи H II области. Групите на многу жешки ѕвезди се познати како OB-групации. Овие ѕвезди светат многу светло, горат многу брзо, и е доста веројатно дека ќе експлодираат на крајот на нивниот живот како супернови.
По експлозијата на суперновата, исфрлениот материјал се зголемува и претставува остаток на суперновата. Овие остатоци заемодејствуваат со околината во рамките на ѕвездообразбата (меѓуѕвездената средина) и може да бидат местото на природно-настанатите масери.
Проучувајќи ги ѕвездородните галаксии може да се употребат при утврдување на историјата на создавањето на галаксиите и нивниот развој. Големиот број на многу далечните галаксии , како на пример, оние од далечното поле се познати како ѕвездородни, но тие се премногу далеку за да се изучат детално. Набљудувајќи ги блиските примери и истражувајќии ги нивните одлики може да се добие идеја за она што се случувало во раниот универзум, бидејќи светлината што ја гледаме од овие далечни галаксии е всушност од периодот кога универзумот бил многу помлад (црвено поместување). Сепак, ѕвездородните галаксии се доста ретки во нашиот месен универзум, а се почести на поголеми растојанија - што покажува дека биле почести пред милијарди години. Сите галаксии тогаш биле поблиску заедно, и затоа поверојатно е да биле под влијание на нивната гравитацијата. Почестите средби произведувале повеќе ѕвездородија како галактички облици кои се развиле со ширењето на вселената.
M82 е ѕвездородна галаксија. Своето високо ниво на ѕвездено создавање го должи на блиската средба со блиските спирална галаксија M81. Картите од областите направени со радиотелескопи покажуваат големи текови на неутрален водород кои ги поврзуваат двете галаксии, како резултат на судирот. Радио снимките на централните региони на M82, исто така покажуваат голем број на млади остатоци од супернови, последица од експлозиите на масивните ѕвезди создадени во ѕвездообразбата при крајот на нивните животи. Пипки се уште еден добро познат ѕвездороден систем, кои стана познат по прекрасната слика на Хабл, објавена во 1997 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.