Ѕвездена година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕвездена година или сидеричка година (365 дена 6 саати 9 минути 9,76 секунди = 365,256363 денови) — време за кое планетата Земја го обиколува Сонцето со обѕир на системот на далечни ѕвезди. Ѕвездените години се важни во механиката на движење на планетите, додека тропската (сончевата) година е важна за секојдневниот живот. Нивната разлика е предизвиката од прецесијата на Земјата, вртење обратно од Земјиното вртење со периода од 25.800 години (Платонова година). На годишно ниво прецесијата изнесува 50,29’’. Заради периодичната промена на положбата на јазлите на патеката на Месечината околу Земјата, се јавува нутација, набори на прецесискиот стожец, со периода од 18,66 години[1] Земјината прецесија доведува до разлика меѓу Сончевата (тропска) и ѕвездената (сидеричка) година. Ѕвездената година е времето потребно Сонцето на небесната сфера да помине полн агол, или со други зборови, времето на обиколување на Земјата околу Сонцето со обѕир на некој зададен правец во просторот (на пр. во однос на пролетната точка). Ѕвездената година е подолга од Сончевата за околу 20 минути.[1]