Нутација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нутација (од латински: nutatio, „климање, нишање“) — појава која предизвикува промена во насоченоста на вртежната оска на едно вртечко астрономско тело. Причинител на гравитациските сили на соседните тела кои влијаат врз вртечкото тело. Иако се предзвикани од истиот ефект кој дејствува на различни временски опсези, астрономите обично прават разлика помеѓу прецесијата, која е постепена долготочна промена во вртежната оска и нутацијата, која е последица од слични краткорочни варијации.[1]
Пример за прецесија и нутација е варијацијата со тек на времето е насоченоста на вртежната оска на Земјата. Ова е важно бидејќи најзастапената појдовна рамка за мерење на положбите на астрономските тела е во Земјиниот екватор — таканаречениот екваторски координатен систем. Ефектот на прецесијата и нутацијата предизвикуваат промена во оваа појдовна рамка со тек на време, релативно на произволно неподвижно време.
Нутацијата е една од исправките кои мораат да се направат за да се добие привидното место ба едно астрономско тело. Кога се пресметува неговата положба, тоа првично се изразува во однос на средната рамноденица и екватор — определен од насоченоста на Земјината оска на даден датум/година, земајќи го предвид долгорочниот ефект на прецесијата, но не пократкорочните ефекти на нутацијата. Потоа потребно е да се применат уште исправки за да се земе предвид ефектот на нутацијата, по што се добива положбата во однос на вистинската рамноденица и екватор.
Бидејќи динамичките движења на планетите се толку добро познати, нивните нутации можат да се пресметаат со точност од неколку лачни секунди во периоди од многу децении. Земјиното вртење претрпува и друго пораметување наречено поларно движење кое може да се процени само неколку месеци однапред бидејќи е засегнато од брзо- и непредвидливо променливи нешта како морските струи, ветерните системи и претпоставените движења на течната железно-никлена легура во надворешно јадро на Земјата.