![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/Solar_eclipse_1999_4.jpg/640px-Solar_eclipse_1999_4.jpg&w=640&q=50)
Ѕвездена атмосфера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕвездена атмосфера — надворешната област од зафатнината на една ѕвезда, која се наоѓа над ѕвезденото јадро, зрачната зона и конективната зона. Таа е поделена на неколку области со различни одлики:
- Фотосферата, која е најнизок и најстуден слој на атмосферата е обично единствениот видлив дел.[1] Светлината која ја напушта површината на ѕвездата главно доаѓа од овој слој и поминува низ повисоките слоеви. Фотосферата на Сонцето има температура од околу 5.770 К до 5.780 К.[2][3] Ѕвездените дамки се студени региони со нарушено магнетично поле кои се на површината на фотосферата.[3]
- Над фотосферата се наоѓа хромосферата. Овој дел од атмосферата првично се лади и подоцна се загрева 10 пати повеќе отколку температурата на фотосферата.
- Над хромосферата се наоѓа преодна област, каде температурата расте брзо на растојание од 100 км.[4]
- Најдалечниот дел од ѕвездената атмосфера е короната, бледа плазма која има температура над еден милион келвини.[5] Додека повеќето ѕвезди на главната низа имаат преодни области и корони, ова не е случајот со сите развиени ѕвезди. Можно е само некои џиновски ѕвезди и суперџиновски ѕвезди да поседуваат корони. Еден нерешен проблем во ѕвездената астрофизика е како короната може да се загрева на толку високи температури. Одговорот се наоѓа во магнетните полиња, но механизмот и начинот не се познати.[6]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/Solar_eclipse_1999_4.jpg/640px-Solar_eclipse_1999_4.jpg)
За време на целосно затемнување на Сонцето фотосферата на Сонцето е прикриена, покажувајќи ги останатите слоеви на атмосферата.[1] За време на затемнувањето на Сонцето, хромосферата изгледа како тенок розовкаст лак,[7] и короната може да се набљудува како праменест ореол. Истата појава при затемнувањето кај двојните ѕвезди може да ја направи видлива хромосферата на џиновските ѕвезди.[8]