From Wikipedia, the free encyclopedia
Центарот за лансирање Алкантара (португалски: Centro de Lançamento de Alcântara) е бразилски космодром за лансирање на сателити сместен во близина на градот Алкантара, во сојузната држава Маранјо, Бразил. Алкантара се наоѓа на северното крајбрежје на Атлантскиот Океан. Космодромот е управуван од страна на бразилските военовоздухопловни сили (Comando da Aeronáutica). Алкантара е најблискиот космодром за лансирање до екваторот, што дава голема предност при лансирањето на сателити во геосинхронта орбита, истата предност ја има и Гвајнскииот вселенски центар.
Конструирањето на базата започнало во 1982 година. Првото лансирање се одвило на 21 февруари 1990 година при која што била лансирана надзвучната ракета од типот Sonda 2 XV-53. Тука се лансирани и ракетите Онгорон I и Онгорон II од страна на француската влада во 1994 година
До сега, само ракетите од типот VLS-1 биле лансирани на овој космодром. На 22 август 2003 година, експлозијата на третата ракета VLS-1 убила 21 лице. Во план се и неколку лансирања на некои меѓународни ракети од оваа база. Во 2003 година е склучен договор со Украина за лансирање на ракетата Циклон-4 [1] како и со Израел за лансирање на ракетите Чави. Во план се и лансирања на руските ракети од типот „Протон“ и на кинеските ракети од типот Чанг џенг 4.
Сегашните планови на владата на Бразил се за конструирање на граѓански вселенски центар, раководен од Бразилската вселенска агенција.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.