американска глумица и пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia
Хејли Стајнфелд (англиски: Hailee Steinfeld; родена на 11 декември 1996)[1][2] ― американска глумица и пејачка. На филмската сцена се пробила со улогата на Мети Рос во вестерн-филмот Човекот наречен храброст (2010) за кој добила многу признанија, меѓу кои и номинација за Оскар и награда БАФТА.
Хејли Стајнфелд | |
---|---|
Хејли Стајнфелд во 2018 | |
Роден(а) | 11 декември 1996 Лос Анџелес, САД |
Занимање |
|
Активен период | 2007–денес |
Стајнфелд е родена во населбата Тарзана во Лос Анџелес, Калифорнија.[3][4] Нејзиниот татко е Евреин, а мајка ѝ е христијанка.[5][6][7][8] Нејзиниот дедо по мајка, Рикардо Домасин, бил половина Филипинец[9] и половина Афроамериканец.[10][11][12] Стајнфелд детството го поминала во Агура Хилс, а подоцна се преселила во Таузенд Оукс, Калифорнија.[13][14]
Стајнфелд почнала да глуми на 10-годишна возраст; се појавила во неколку кратки филмови.[15] Таа била избрана за улогата на Мети Рос во Човекот наречен храброст кога имала 13 години.[3] Филмот бил објавен во декември 2010 година; Ричард Корлис од магазинот Тајм нејзината изведба ја калсифицирал меѓу најдобрите 10 за 2010 година.[16] Добила позитивни критики и од авторите во Лос Анџелес Тајмс и Ролинг Стоун.[17] За нејзината улога во филмот била номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога; Оскарот го освоила Мелиса Лео.[18] Во мај 2011 година, пет месеци по објавувањето на Човекот наречен храброст, таа била избрана за ново лице на италијанскиот дизајнерски бренд Miu Miu.[19][20][21]
Во 2011 година, на 14-годишна возраст, ѝ била доделена улогата на Јулија во Ромео и Јулија, адаптација од 2013 година на истоимената трагедија на Шекспир.[22] Улогата прво била замислена за 22-годишна глумица; имало загриженост за голотијата во филмот, но режисерот објаснил дека откако Стајнфелд ја добила улогата, сценариото било прилагодено за да биде соодветно на возраста.[23] Филмот бил објавен во октомври 2013 година и добил лоши критики во САД и во странство.[24] Стајнфелд, исто така, ја глумела Петра Арканијан во „Играта на Ендер“ , научно-фантастичен акционо-авантуристички филм базиран на книгата од Орсон Скот Кард . Филмот бил објавен на 1 ноември 2013 година.[25]
Стајнфелд ја играла Вајолет, една од главните улоги во романтичната драма Почни повторно.[26] Во 2014 година, било најавено дека Стајнфелд ќе ја глуми Мин Грин во екранизацијата на романтичната комедија од Даниел Хендлер „Зошто раскинавме“, но филмот не бил пуштен во продукција.[27]
На Стајнфелд ѝ била доделена улогата на Елиза во филмската адаптација на Десет илјади светци; Филмот премиерно бил прикажан на 23 јануари 2015 година на филмскиот фестивал Санденс. Стајнфелд требало да ја игра главната женска улога во филмот „За кучињата“ од 2015 година, но била заменета со глумицата Ема Робертс.[28] Пролетта 2014 година, Стајнфелд раскажувала како гласот на Ана Франк за изложбата за Франк во Музејот на толеранција.[29] Во март 2015 година, Стајнфелд била една од глумците кои ги позајмиле гласовите за синхронизацијата на англиски јазик на јапонскиот анимиран филм Кога Марни беше таму.[30]
Стајнфелд се појавила и во спотот за песната „Bad Blood“ од Тејлор Свифт со Кендрик Ламар. Видеото било премиерно прикажано на церемонијата на доделување на Billboard Music Awards на 17 мај 2015 година, а ја освоило наградата за видео на годината на MTV Video Music Awardѕ.[31] Стајнфелд глумела во филмот со ограничено прикажување „Тајна Агенција“ (Barely Lethal). Филмот бил режиран од Кајл Њуман и бил објавен на 29 мај 2015 година.[32] Стајнфелд глумела во На пат до ѕвездите 2 (<i id="mw-Q">Pitch Perfect 2</i>), заедно со Ана Кендрик, Ребел Вилсон и Елизабет Бенкс, која исто така била режисерка.[33] Стајнфелд извела некои од нејзините песни за претставник од Republic Records на настан во Њујорк, а издавачката куќа потпишала договор со неа.[34] Во мај, Republic Records го објавила договорот за снимање и навеле дека Стајнфелд работи на нејзиното прво издание.[35]
Во септември 2016 година, Стајнфелд ја играла главната улога во На раб на седумнаесет (The Edge of Seventeen), комедија во која покрај неа глумат и: Блејк Џенер, Вуди Харелсон и Кира Сеџвик, а сценариото и режијата е од Кели Фремон Крег.[36][37][38] Филмот бил објавен на 18 ноември 2016 година, со позитивни критики; Настапот на Стајнфелд бил пофален и ѝ донел номинација за наградата Златен глобус.[39][40]
Стајнфелд, во 2017 година ја повторила нејзината улога како Емили Џанк во На пат до ѕвездите 3 (Pitch Perfect 3).[41][42] Стајнфелд ја играла и Емили Дикинсон во хумористичната серија Дикинсонови[43] на Apple TV+, која се емитувала од 1 ноември 2019 година. Во декември 2020 година, таа ја добила улогата на Кејт Бишоп во серијата Hawkeye од Marvel Cinematic Universe.[44]
Во 2023 година, Стајнфелд ја повторила гласовната улога на Гвен Стејси / Спајдер-Гвен во Spider-Man: Across the Spider-Verse . Таа треба да ја повтори улогата во неговото продолжение, Spider-Man: Beyond the Spider-Verse.[45]
Во јули 2015 година, Стајнфелд и пејачот Шон Мендес објавиле акустична верзија од синглот на Мендес, „Sitches“. Следниот месец, Стајнфелд го издала нејзиниот прв сингл „Love Myself“.[46][47]
Првото EP на Стајнфелд, Haiz (име кое за неа го користат нејзините обожаватели), било објавено во ноември 2015 година и добило генерално позитивни критики.[48][49][50] Во февруари 2016 година, Стајнфелд објавила ремикс верзија на „Rock Bottom“, како втор сингл со американската фанк-поп група DNCE.[51] Следниот сингл на Стајнфелд, „Starving“, бил објавен во јули 2016 година.[52] Песната е соработка со Греј во која настапува Зед и е нејзин најголем хит досега и станал платинест во Италија, Нов Зеланд, Шведска, Обединетото Кралство и САД, а исто така станал двојно платинест во Австралија и тројно платинест во Канада.[53]
На почетокот од 2017 година, Стајнфелд се појавила во две песни: „Show You Love“ и „Digital Love“.[54][55] Во март, Стајнфелд била вклучена во синглот на американскиот рапер Машин Ган Кели „At My Best“ преземен од неговиот трет студиски албум Bloom.[56][57] Еден месец подоцна, Стајнфелд го издала нејзиниот следен сингл „Most Girls“.[58] Песната добила позитивни критики и се искачила на 58-мо место на топ-листата Billboard Hot 100 во САД.[58][59] Во септември 2017 година, Стајнфелд го издала синглот „Let Me Go“, кој достигнал 14 место на топ-40 мејнстрим листата.[60][61]
На 12 јануари 2018 година, Стајнфелд ја издала песната „Capital Letters“ за саундтракот на филмот „Педесет нијанси ослободени“.[62] Песната била примена со позитивни критики и се искачила на 12-то место на топ-листата Bubbling Under Hot 100 Singles.[63] Во март 2018 година, Стајнфелд открила дека „привршува“ со работата на нејзиниот прв студиски албум.[64]
Кон крајот на 2018 година, Стајнфелд глумела во спин-офот на Трансформери, Бамблби,[65] и го позајмила гласот на Гвен Стејси/Spider-Woman во анимираниот филм награден со Оскар, Спајдермен: Нов свет (Spider-Man: Into the Spider-Verse).[66] Во ноември, нејзината песна „Back to Life“ била објавена како сингл од саундтракот за Бамблби.[67] Истиот месец, била домаќин и настапила на MTV Europe Music Awards во Билбао.[68]
Стајнфелд објавила два сингла во 2020 година, „Wrong Direction“ и „I Love You's“. Тие биле прв и втор сингл, соодветно, од нејзиниот EP Half Written Story, кој бил објавен на 8 мај 2020 година.[69] ЕП добило мешани критики, а критичарите го пофалиле гласот, самодовербата и ранливоста на Стајнфелд, но ја критикувале музиката.[69][70][70][71] На 28 мај 2020 година, Стајнфелд објавила сингл со тајванскиот пејач Чен Линонг, под наслов „Masterpiece“.[72]
Во јули 2022 година, Стајнфелд ја објавила песната „Coast“.[73] Музичко видео премиерно било прикажано на Фејсбук на 9 ноември 2022 година.[74][75] Акустична верзија била објавена на 7 декември 2022 година.[76] Во март 2023 година, Стајнфелд го објавила „SunKissing“ за кој Ролинг Стоун напишал позитивни критики.[77][78]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.