Фулсбител
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фулсбител е урбан кварт во северниот дел на Хамбург, Германија во округот Хамбург-Норд. Познат е како место на меѓународниот аеродром Хамбург и место на затворот, кој служел како концентрационен логор во нацистичкиот систем на репресија.
Фулсбител | |
Кварт во Хамбург | |
Терминал 2 на аеродромот Хамбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Норд |
Основни податоци | |
Површина | 7 км2 |
Население | 11.890 (1 јануари 2006) |
- Густина | 1.699 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположбата на Фулсбител во градот Хамбург | |
Координати | 53°38′6″N 10°0′58″E |
Во 1871, со декларација на германското царство, селото Фулсбител било дадено на покраината Хамбург.
На 4 март 1933, делови од затворот Фулсбител, првично изграден како регуларен затвор во 1879, станале подкамп на концентрациониот логор Нојенгаме[1] три месеци по станување на Хитлер како канцелар на Германија (20 јануари 1933). Најпрвин, бил под команда на СА. Повеќето од затвореници биле комунисти, социјалдемократи и други политички соперници на нацизмот, Евреи, Јеховини сведоци, Роми, хомосексуалци и други од кои режимот гледал закана. Во 1936, Гестапо започнал да го води кампот, тогаш наречен Polizeigefängnis Fuhlsbüttel (полициски затвор). Над 700 луѓе биле интернирани во кампот за време на кристалната ноќ во 1938. Концентрациониот логор Фулсбител бил именуван и како акронимот KolaFu (скратено од Kozentrationslager Fuhlsbüttel) и станал синоним за репресија и смрт преку тешка работа. Фулсбител често бил почетната точка за затворање на затворениците, кои биле праќани во други кампови, како што се Бухенвалд, Естервеген, Нојенгаме, Равенсбрик или Заксенхаузен. Кампот бил ослободен на 3 мај 1945, во кој дотогаш веќе биле убиени над 250 луѓе.
Денес, постои споменик за кампот во близина.
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Фулсбител имал вкупна површина од 6,6 км2.
Во 2006, 11.890 живееле во квартот Фулсбител. Густината на население била 1.806 на км2. 14,6% биле деца под 18 години, а 20,5% имале 65 години или повеќе. 9,7% биле имигранти. 508 луѓе биле регистрирани како невработени.[2] Во 1999, имало 6.768 домаќинства и 49,7% од сите домаќинства биле сочинети од еден член.[3]
Според секторот за патнички возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 5.004 приватни возила во квартот Фулсбител (425 возила/1000 луѓе).[4]
Има 2 основни училишта и 1 средно училиште во квартот Фулсбител и 26 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.[4]
Фулсбител е опслужуван од метрото од линијата У1, со две станици, Фулсбител и Фулсбител Норд (порано наречена Флугхафенштрасе).
Од декември 2008, Фулсбител е опслужуван исто така и од градските возови со линијата С1, преку аеродромската железничка станица.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.