семејство птици From Wikipedia, the free encyclopedia
Фазаните (науч. Phasianidae) се семејство на птици каде спаѓаат фазаните, еребиците, бисерките, кокошките, потполошките и пауните. Поради нејзината големина, фамилијата напати се раздвојува на две потсемејства: фазани (Phasianinae), и еребици (Perdicinae). Некои стручњаци во фамилијата вклучуваат и птици од други фамилии. Така, Американскиот сојуз на орнитолози ги вбројува тетребите (Tetraonidae), бисерките (Numididae) и мисирките (Meleagrididae) како потсемејства на фазаните.
Фазани Период: олигоцен-денес, | |
---|---|
Обичен фазан (Phasianus colchicus) | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Фазани Horsfield, 1821 |
Типски вид | |
обичен фазан (Phasianus colchicus) Linnaeus, 1758 | |
Подгрупи | |
|
Кладот на фазаните е најголем огранок на кокошковидните птици и опфаќа над 150 вида. Во групата спаѓаат фазаните, еребиците, банкивските кокошки, потполошките и пауните. Се смета дека мисирките и тетребите потекнуваат од птици налик на фазаните и еребиците.
Најстарите фосилни наоди на птици од групата на фазаните датираат од доцниот олигоцен, пред околу 30 милиони години.[1]
Фазаните се земни птици. По големина се движат од 43 гр (кинеска потполошка) до 6 кг (индиски паун). Се одликуваат со полов диморфизам во големината, мажјаците се претежно поголеми од женките. По облик се заоблени, имаат широки и релативно кратки крила и силни нозе. Многу видови на нозете имаат мамуски, што постојат само во оваа група и кај бисерките и мисирките. Клунот е краток и силен, особено кај видовите што се хранат копкајќи во земјата. Мажјаците од поголемите видови имаат шарено перје со живи бои и украси на лицето како подбрадок или кикиришка (грива).
Птиците од оваа фамилија живеат во најголемиот дел од Европа и Азија (освен во најсеверните делови), цела Африка (освен најсувите пустини) и источна Австралија. Најголема разновидност се среќава во југоисточна Азија и Африка. Конгоанскиот паун го има само во Конго. Потсемејството на еребиците е многу пораспространето. Во својот ареал, присутни се во сите можни живеалишта освен субарктичките шуми и тундрата.
Фамилијата е претежно непреселничка, со исклучок на некои потполошки, кои одат на големи преселби. Неколку вида од фамилијата се воведени нашироко во целиот свет, особено фазаните, кои се доведени во Европа, Австралија и Америка. Постоајт популации на пауни и кокошки што живеат подивени во природата, откако избегале од стопаните.
Фазаните и еребиците имаат разновидна исхрана: некои имаат чисто растителна исхрана (семки, листови, плодови, кртоли и корења), а некои се хранат со мали животинки како инсекти, ларви, па дури и гуштерчиња. Највеќето видови се построго поделени на месојадни и тревопасни, со тоа што пилињата кај сите видови јадат инсекти.
Покрај разликите во исхраната, членовите на фамилијата се разликуваат и по начинот на парење. Доста видови не се моногамни, што е необично за птиците во целина. Гнездата ги градат на земја. Само трагопаните се гнездат повисоко, во пенушки и грмушки. По облик, гнездата се движат од растителни купови до мали вдлабнатини во земјата. Обично снесуваат 7-12 јајца, но можат да снесат дури и 18. Просечниот број на снесени јајца е помал кај тропските видови. Јајцата ги квачи само женката, во период од 14–30 дена, зависно од видот.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.