напуштено село во Кајларско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Требино или Тремњо[2] (грчки: Καρδία, Кардија; до 1927 г. Τρέμπενο, Требено[3]) — иселено село во Кајларско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во 1976 г. било населено исклучиво со Македонци.[4] Иако повеќе не е село, местото не е отпишано и денес се води со неколкумина жители.
Кардија Καρδία | |
---|---|
Координати: 40°26.55′N 21°48.40′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Еордеја |
Надм. вис. | м | 700
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 5 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото било сместено во јужниот дел на областа Сариѓол (Кајларската Котлина), 18 км источно од градот Кајлари.[4]
На крајот на XIX век Требино е заведено било македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тремнино (Tremnino) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства и 260 жители Македонци.[5][6] Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Тремнино било сосема македонско село.[5][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тремнико имало 220 жители, сите Македонци.[5][8]
На почетокот на XX век целото население на Требино потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Требино имало 280 Македонци, сите под патријаршијата.[5][9] Нешто подоцна Боривое Милоевиќ забележал дека Требино се состоело од 42 македонски куќи.[4]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 290 жители.[4] Во 1920 г. 321 жител, кои во 1928 г. се накачиле на 421, а во 1940 г. — на 615 жители.[4] Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека Требино се состои
„ | само од 80 туѓојазични семејства... сите зборуваат словенски [т.е. македонски].[10] | “ |
Есента 1959 г. жителите на Требино биле принудени на масовна церемонија да дадат заклетва дека повеќе нема да говорат македонски.[11]
Иако некогаш било просперитетно и богато, во 1970-тите години властите во селото откриле големи лежишта на јаглен. Рударското претпријатие го откупило земјиштето заедно со градбите[4] и тука направило јагленокоп, а на селаните државата им изградила станови во Кајлари; помал дел од нив избрале да се преселат во околината на с. Исламли (Кила) кај Кожани, за што е основано населбата Ново Требино (Неја Кардија) која му принадлежи. Во времето на неговото иселување, на крајот од 1976 г., Требино броело преку 1.000 жители, а во 1981 г. е заведено со 3 жители, иако се сметало за раселено.[4] На пописите во 1991 и 2001 г. селото се води без жители, додека пак во 2011 г. во него се попишани 5 лица.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 615 | 692 | 814 | 897 | 3 | 0 | 0 | 5 |
Требино било богато село кое произведувало големи количества жито, тутун и анасон познат по својот квалитет.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.