Травник
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Травник — град и општина во Босна и Херцеговина, 90 километри западно од Сараево. Травник е главен град на Среднобосански кантон, и се наоѓа во Општина Травник. Градот Травник имал 16.534 жители во 2013 година, со население на општината од 57.543 луѓе. Травник бил главен град на гувернерот на Босна во периодот од 1699-1850, и во него се наоѓаат културни наследства кои датираат од тој период[1].
Травник Травник | ||
---|---|---|
Град и Општина | ||
Местоположба на градот. | ||
Координати: 44°13′35″N 17°39′35″E | ||
Земја | Босна и Херцеговина | |
Кантон | Среднобосански кантон | |
Управа | ||
• Municipality president | Адмир Хаџиемриќ | |
Површина | ||
• Град и Општина | 529 км2 (204 ми2) | |
Надм. вис. | м | 514|
Население (2013) | ||
• Град и Општина | 16.534 | |
• Густина | 109/км2 (280/ми2) | |
• Градскo | 57.543 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски код | 72270 | |
Повик. бр. | (+387) 30 | |
Мреж. место | opcinatravnik.com.ba |
Иако постојат докази за некои населби во регионот од бронзеното време, вистинската историја на Травник започнала во текот на првите неколку векови од нашата ера. Од тој период датира пронајдената римска населба во регионот, заедно со пронајдени гробови, тврдини, остатоци од разни други структури, ранохристијански базилики итн., како и римски монети.
Во средниот век, областа Травник била позната како провинција Лашва на средновековното Кралство Босна. Оваа област за првпат се споменува од страна на унгарскиот крал Бела IV во 1244. Травник бил еден од големиот број на укрепени градови во регионот, со својата тврдина Каштел која денеска се наоѓа во стариод дел на градот. Самиот град за првпат се споменува од страна на Османлиите во текот на нивното освојување на блискиот град Јајце.
Со доаѓањето на Османлиите во Босна во 15 век, голем дел од месното население го прифатил исламот. Градот брзо прераснал во еден од позначајните во регионот, додека властите изградиле џамии, пазари и разни инфраструктури. Во текот на 1699 година кога Сараево било освоено и опожарено од страна на принцот Евгениј Савојски, Травник станал главен град на Отоманската провинција Босна и седиште на босанските визери. Градот станал важен центар на владата во целина бидејќи се наоѓал на западната граница на царството. Во овој период биле отворени и конзулати од страна на владите на Франција и Австроунгарија.
Периодот на австриската окупација донесел прозападно уредување на градот, но и намалување на важноста на градот. Додека градовите како што се Бања Лука, Сараево, Тузла и Зеница забележале брз развој и зголемување на бројот на наслениете, Травник се намалил на 30.000 во 1991 година.
Во 1903 година во градот избил голем пожар уништувајќи голем дел од градот, оставајќи само некои населби и тврдината[2]. За санација на градот биле потребни неколку години[3].
Од 1929 до 1941 година, Травник бил дел од Дринска бановина на Кралство Југославија.
Травник се наоѓа во близина на географскиот центар на Босна и Херцеговина со координати 44°14'N и 17°40'E. Реката Лашва поминува низ градот, која тече од запад кон исток, пред да влезе во реката Босна. Травник бил изграден во големата Лашванска долина, која ги поврзува долината на реката Босна, на исток со долината на реката Врбас на запад.
Травник се наоѓа 514 метри надморска височина. Околу градот се наоѓаат планините Виленица и Влашиќ. Влашиќ, именувана по Власите, е една од највисоките планини во земјата со 1.933 метри.
Травник има континентална клима, која се наоѓа помеѓу Јадранско Море на југ и Панонија на север. Просечната температура во лето е 18.2 °C. Просечната температура во зима е 0.5 °C.
Градот Травник е административен центар на Општина Травник, чија област го опфаќа Травник и оддалечените села и мали градови. Травник е главен град на Среднобосанскиот кантон, еден од десетте кантони во Босна.
Економијата на регионот Травник претрпела многу за време на периодот од 1990-тите. Во 1981 година БДП на Травник по глава на жител изнесувал 63% од просечниот БДП на Југославија. Денес, поголемиот дел од населението се занимава со земјоделство и сточарство. Како и за урбаните индустрија, Травник има неколку фабрики за производство на мебел, преработка на храна итн.
Како и поголемиот дел од босанските градови, така и Травник својот туризам го базира главно на неговата историја и географија. Во близина на градот се наоѓа планината Власиќ кој претставува одлично место за скијање и пешачење. Иако туризмот не е многу силна страна за градот, Влашиќ најверојатно е најголемата туристичка атракција.
'Националност | 2013 | 1991 | 1981 | 1971 |
Муслимани | 35.648 (66.65%) | 31.813 (44,96%) | 27.691 (43,19%) | 24.480 (43,85%) |
Хрвати | 15.102 (28.23%) | 26.118 (36,91%) | 24.411 (38,08%) | 22.645 (40,56%) |
Срби | 640 (1.19%) | 7.777 (10,99%) | 7.487 (11,68%) | 7.554 (13,53%) |
Југословени | - | 3.743 (5,29%) | 3.920 (6,11%) | 626 (1,12%) |
Останати | 2029 (3.90%) | 1.296 (1,83%) | 591 (0,92%) | 517 (0,92%) |
Вкупно | 53.482 | 70.747 | 64.100 | 55.822 |
Својата култура градот ја засновува врз основа на времето кога градот бил седиште на локалната самоуправа во Отоманското Царство. Бројни џамии и цркви постојат во регионот, како и гробници на важни историски личности и кои претставуваат одлични примери на Отоманската архитектура. Музејот на градот, изграден во 1950 година, е еден од повеќето импресивни културни институции во регионот.
Травник станал познат од страна на важни личности кои се родени или живееле во градот. Најважните од нив се Иво Андриќ (писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година), Мирослав Чиро Блажевиќ (фудбалски тренер), Јосип Пејаковиќ (актер), Сеид Мемиќ (поп-пејач) и Давор Џалто (уметник и историчар на уметноста).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.