Кратки факти Тефра, Класификација ...
Тефра
Thumb
Вулканска тефра од Браун Блаф, Антарктик (2016 година)
Класификација
Димензии
Вулканска пепелод 2 мм (0,08 инчи) во пречник
Лапилипомеѓу 2 и 64 мм (0,08 и 2,5 инчи) во пречник
Вулкански блокови и бомбипоголеми од 64 мм (2,5 инчи) во пречник
Затвори
Thumb
Централен дел на Исланд. Дебелиот и светло обоен слој на центарот на фотографијата е риолитска тефра од Хекла.
Thumb
Пламен од ерупцијата на вулканот Етна кој исфрлува вулкански пепел, вулкански бомби и пемза.
Thumb
Вулкански камења од Бишоповиот туф, некомпресирани со пемза лево; компресирани со фиами десно.
Тефра е заедничко име за сите видови и големини на вулкански материјал исфрлен од вулкан или наталожен од воздухот, без обзир на состав или големина. Вклучува вулканска пепел, лапили, вулкаснки блокови и бомби, скорија, пемза и вулканско стакло.[1] Вулканолозите сметаат дека откако ќе паднат пирокластичните материјали на земјата, остануваат на неа како тефра, освен ако не се доволно топли за да се спојат заедно и да оформат пирокластична карпа или туф.[2]

Општо

Најголемите парчиња тефра (поголеми од 64 мм) се нарекуваат вулкаснки блокови и бомби. Блоковите и бомбите, вообичаено се испукуваат балистички од вулканот. Бидејќи овие фрагменти се толку големи, обично паѓаат во близина на нивниот извор. Можат да бидат тешки од 8 до 30 тони и можат да одлетаат најдалеку до 1 км од нивниот извор. Малите блокови и бомби од лава можат да одлетаат од 20 до 80 км во далечина со брзина од 75 до 200 м/с. Помалите исфрлени објекти како што се лапилите (2-64 мм) и пепелта (<2 мм) кои се конвектирани нагоре од топлината која настанува при процесот на ерупција, паѓаат на поголема далечина од вулканот. Повеќето честички кои се поголеми од милиметар паѓааат во интервал од 30 мин по исфрлувањето. Најмалите честички, помали од 0,01 мм, можат да останат во атмосферата и до две или три години по вулканската ерупција.[2] Кога големи количества на тефра се акумулираат во атмосферата од масивни вулкански ерупции (или од мноштво помали ерупции кои се случуваат истовремено), тогаш тие можат да ја рефлектираат светлината и топлината од сонцето назад низ атмосферата, во некои случаи предизвикувајќи температурата да се намали, што резултира со таканаречената „вулканска зима“.[3] Тефра измешана со дожд може да предизвика кисели врнежи и снег.[3] Некои научници сметаат дека овие честички придонесуваат за глобалното затоплување.[2]

Класификација

Тефра фрагменти класифицирани по димензија:

Потекло на поимот

Зборот „тефра“ доаѓа од грчкиот збор (грчки: τέφρα) што значи „пепел“, додека зборот „пирокластичен“ е изведен збор од грчките зборови „пир“ (грчки: πῦρ) што значи „оган“, и „кластос“ (грчки: κλαστός) што значи „скршен на парчиња“.[1]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.