Роман на годината е годишна литературна награда што ја доделувал весникот „Утрински весник“, а потоа и фондацијата „Славко Јаневски“ за роман објавен во Македонија.

За наградата одлучува петчлена жири-комисија, која е составена од минатогодишниот лауреат, претставници на фондацијата и други. Често помеѓу членовите на жири-комисијата се вбројуваат и автори кои не се романописци или книжевни критичари.

По згаснувањето на весникот во 2017 година, конкурсот го распишува и наградата почнува да ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, формирана во ноември 2017 г. од страна на новинари и уредници во некогашниот „Утрински весник“.

Добитници на наградата (Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“)

  • Роман на годината за 2023 Лидија Димковска, „Единствен матичен број“
  • Роман на годината за 2022 Влада Урошевиќ, „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“[1]
  • Роман на годината за 2021 Симона Јованоска, „Денот на црвот“
  • Роман на годината за 2020 Владимир Јанковски, „Скриени желби, немирни патувања“[2]
  • Роман на годината за 2019 Оливера Николова, „Песот со тажен поглед“
  • Роман на годината за 2018 Николина Андова-Шопова, „Некој бил тука[3]
  • Роман на годината за 2017 Фросина Пармаковска, „Одбројување“[4]

Добитници на наградата (Роман на годината на „Утрински весник“)

Контроверзи

Во последните години некои од книжевните критичари забележуваат недоречености околу критериумите за доделувањето на наградата „Роман на годината“.[6] Овде особено паѓа во очи критериумот за должината на романот како прозна форма. Во меѓународни рамки, романот е определен како прозно дело составено од најмалку 40 000 зборови.[7] Некои светски асоцијации и критичари ја ставаат долната граница на романот на 50.000,[8] 60.000 зборови и повеќе.[9] Сепак, некои од романите, како на пример, романите „Единаесет жени“, „Телото во кое треба да се живее“, Собирачи на пепел“ од младите автори Снежана Младеновска-Анѓелков, Петар Андоновски и Давор Стојановски наградени со ова признание, според својот обем спаѓаат во рамките на жанрот новела (помалку од 40.000 зборови)[10] определен согласно меѓународните стандарди за овие прозни форми.[11][12][13]

Постојат и бројни забелешки од книжевните критичари околу критериумите за доделувањето на наградата во поново време, особено со оглед на фактот дека неколку години по ред книгите-добитници на наградата беа во издание на издавачката куќа „Или-или“, дела од релативно понови авторски, дури и дебитантски имиња, како на пример романот „Единаесет жени“ од Снежана Младеновска-Анѓелков. Со оглед дека праксата наложува претседател на жири-комисијата да е лауреатот од претходната година, во книжевните кругови постојат сомнежи за можно циркуларно доделување на оваа награда[14].

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.