From Wikipedia, the free encyclopedia
Розова марара | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Pseudoweinmannia |
Вид: | Розова марара |
Научен назив | |
Pseudoweinmannia lachnocarpa (Фердинанд фон Милер) Адолф Енглер | |
Синоними | |
|
Розова марара (латински: Pseudoweinmannia lachnocarpa) е дрво кое расте во дождовни шуми во источна Австралија. Во местата каде расте дрвото е познато и како розово дрво и црвена карабина. Името lachnocarpaе старогрчки збор и значи „волненото овошје“. Името на родот се однесува на сличноста со друг род, Weinmannia,кое пак е именувано по германскиот фармацевт во XVIII век, Ј. В, Вајнман.
Дрвото е првично опишано од Фердинанд фон Милер како Weinmannia lachnocarpa во 1874 година,[1] а сегашното име го добило во 1930 година од страна на Адолф Енглер. Дрвото е дел ода семејството кунониеви растенија.[2]
Ова дрво се наоѓа во премните дождовни шуми, на подобро алувијални и вулкански почви со високи врнежи. Во речните, литоралните, тропските и суптропските дождовни шуми од реката Ричмонд, Нов Јужен Велс до Куктаун во тропските Квинсленд.[3]
Тоа е големо дрво со височина до 40 метри, и широко од 2,5 метри максимум. Основата на дрвото е често значително и широко поткрепена. Дрвото имса мали гранки кои семазни, сивкасти бели или кафеави. Има зелени и бели овални листови.
Лисјата се по три спротивно на стеблото. Листовите се од 3 до 15 см долги, широки од 1 до 5 см. .[4] Тие се елиптични во форма. Листните вени се подигнати и забележливи на двете површини.
Во август се формираат бели цветови, долги околу 5 см. Цвеќињата немаат ливчиња. Овошјето созрева од февруари до април, како јајцева капсула, со пречник од 6 до 9 мм, покриена со златни влакна. Семето е обликувано во форма на јајце, со пречник од 1 mm. 'Ртење од свежо семе е несигурно.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.