From Wikipedia, the free encyclopedia
Паралакса — видливо поместување или разликата во насоченоста на предметот гледан од две различни страни, а се мери преку аголот или полуаголот на наклонот меѓу двете видни линии.[1][2] Поимот потекнува од грчкото παράλλαξις (паралаксис), што значи „промена“.
Блиските предмети имаат поголема паралакса од пооддалечените кога се гледаат од различни положби, па според тоа паралаксата се користи за одредување на далечината. Во астрономијата, паралаксата е единствениот непосреден метод преку кој може да се измери оддалеченоста на небесните тела (посебно на ѕвездите) што се наоѓаат надвор од нашиот Сончев Систем. Ова се нарекува ѕвездена паралакса.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.