From Wikipedia, the free encyclopedia
Никос Коѕијас или Николаос Коѕијас (грчки: Νικόλαος Κοτζιάς, роден на 21 декември 1950 г. во Атина, Грција) — грчки дипломат и политичар како и поранешен министер за надворешни работи. Првпат на таа функција бил од 27 јануари до 28 август 2015 година, а вторпат од 23 септември 2015 година до 20 октомври 2018 година[1]. Тој бил номиниран од левичарската политичка партија Сириза во јануари 2015 година да се заколне како член на кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.
Николаос Коѕијас Νικόλαος Κοτζιάς | |
---|---|
Министер за надворешни работи | |
На должноста 23 септември 2015 – 20 октомври 2018 | |
Премиер | Алексис Ципрас |
Претходник | Петрос Моливијатис |
Наследник | Алексис Ципрас |
На должноста 27 јануари 2015 – 28 август 2015 | |
Премиер | Алексис Ципрас |
Претходник | Евангелос Венизелос |
Наследник | Петрос Моливијатис |
Лични податоци | |
Роден(а) | 21 декември 1950 Атина, Грција |
Партија | Сириза |
Установа | Гисенски универзитет |
На 17 јуни 2018 година, заедно со неговиот македонски колега Никола Димитров и специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации Метју Нимиц, го потпишал Преспанскиот договор со кој Република Македонија се преименува во Република Северна Македонија, ставајќи крај на 27-годишниот спор за името.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.