From Wikipedia, the free encyclopedia
Мравки се еусоцијални инсекти од семејството formicidae и, заедно со осите и пчелите, припаѓаат на редот на hymenoptera. Мравките се појавиле наеднаш околу светот во доцниот дел од креда, но веќе биле доста разновидни од самиот почеток, сугерирајќи дека имале порани предци. Мравките еволуирале од семејство vespoid, еден тип на оси кои биле предци од периодот креда, кои станале мошне разновидни веќе поради зголемениот број на скриеносеменици. Повеќе од 12.500 од проценетите 22.000 видови на мравки се класифицирани до денес.[1][2] Тие лесно се препознатливи од нивните искривени антени и дистинктивната јасолеста структура на нивното тенко тело.
Мравки Период: Доцниот дел од креда – До денес | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Група на мравки од родот solenopsis | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Типски вид | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Formica rufa Лине, 1761 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Потсемејства | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cladogram of
subfamilies
|
Мравките формираат живеалишта кои по големина се од неколку мравки грабливки што живеат заедно во мали природни дупки, до огромни организирани мравјалници кои окупираат големи територии, и се состојат од милиони мравки. Поголемите мравјалници имаат разни класи на стерилни, безкрилести женки, од кои повеќето се работници, како и војници и други специјализирани групи.[3][4] Речиси сите мравјалници имаат и плодни машки единки кои се наречени дрони, но и една или повеќе плодни женки наречени матици.[4] Мравјалниците се нарекуваат и суперорганизми затоа што мравките работат како едно, унифицирано суштество, за да ја поддржат заедницата.[5][6]
Мравките се присутни на речиси секој континент и остров на светот. Единствените места на коишто нема домородни мравки се Антарктикот и неколку ненаселиви острови. Мравките удобно живеат во повеќето екосистеми и вообичаено сочинуваат меѓу 15-25% од живата маса на копнени животни.[7] Нивното напредување во толку многу околини е главно поради на нивната социјална организација и нивната способност да ја изменат околината, да ги корстиат расположливите ресурси и да се бранат себеси. Нивното заедничко живеење со други видови довело до мимикрија, коменсализам, паразитизам и мутуализам[8]
Во заедниците на мравки има поделба на работа, комуникација измеѓу единките и способноста да извршат покомплицирани проблеми.[9] Овие сличности со човечкото општество одамна било инспирација за истражување. Голем број на култури ги користат мравките за храна, медицина и ритуали. Некои видови на мравки се користат за уништување на други инсекти, кои вообичаено се штетни.[10] Поради нивната способност да користат ресурси, во некои случаи мравките се наоѓаат во конфликт со луѓе бидејќи можно е да оштетат фарми, но и да извршат инвазија на згради. Некои видови, како Solenopsis invicta се сметаат за инвазивни мравки, кои се сместуваат во места каде што биле однесени нагрешка
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Семејството Formicidae е дел од редот Hymenoptera, кое исто така вклучува некои видови на муви, пчели и оси. Мравките еволуирале од инфраредот Aculeata, и истражување од 2013 г. сугерира дека се сестринска група со Apoidea.[11] Во 1966 г, Едвард Осборн Вилсон и неговите колеги истражувале фосил од мравка (Sphecomyrma) која живеела во периодот креда. Мравката, која била заробена во килибар датирала од околу 92 милиони години, имала сличности кои се присутни во некои оси, но не во денешните мравки.[12] Истраживање од 2006 г. Сугерира дека мравките се појавиле десетици милиони години порано од што претходно било познато, дури и пред 168 милиони години.[13] По зголемениот број на скриеносемеци пред околу 100 милиони години мравките станале многу разновидни и биле во еколошка доминација пред околу 60 милиони години.[13][14][15][16] Некои групи, како Leptanillinae и Martilinae сугерираат дека мравките станале разновидни уште од пораните мравки кои највереојатно биле грабливци во најгорните слоеви на земјата.[17][18]
Во периодот на Кредата, раните мравки биле распространети околу Лавразија во северната полутопка. Сепак тие биле ретки во споредба со останатите популации на инсекти, мравките претставувале само околу 1% од целосната популација на инсекти. Мравките станале доминантни по адаптивното зрачење во почетокот на периодот палеоген. Меѓу епохите Олигоцен и Миоцен, мравките веќе претставувале меѓу 20-40% од сите фосили на инсекти. Од видовите кои живееле во епохата Еоцен, околу една десеттина од родовите преживеале до денес. Истовремено родовите кои преживеале до денес претставуваат 56% од сите родови во фосили од балтички килибар (кои се од раниот Олигоцен), а 92% од фосилите од килибар во Доминиканската Република (кои се од раниот Миоцен).[14][19]
Регион | Број на видови [20] |
---|---|
Неотропика | 2.162 |
Неарктика | 580 |
Европа | 180 |
Африка | 2.500 |
Азија | 2.080 |
Меланезија | 275 |
Австралија | 985 |
Полинезија | 42 |
Мравки се присутни на секој континент освен Антарктикот, и неколку поголеми острови како Гренланд, Исланд, делови на Полинезија и Хаваи Островите, каде што не се присутни домородни мравки.[21][22] Мравките имаат голем број на еколошки начини на преживување и имаат способност да искористат разновидни видови на храна како директни или индиректни растителнојадни животни, грабливци и лешинари. Повеќето од видовите на мравки се сештојадци. Нивната еколошка доминација е демонстрирана од нивната биолошка маса, проценето е дека мравките составуваат 15-20% (а речиси 25% во тропски предели) од целокупната биолошка маса на копнени животни, надминувајќи ја масата на сите ’рбетници.[7]
Мравки по големина се од 0.75 до 52 мм,[23][24] најголемиот вид бил фосилот Titanomyrma giganteum, на коишто матицата била 6 см долга со должина на крила од 15 см.[25] Мравки се разновидни по боја, но сепак повеќето се црни или црвени, но неколку видови се зелени а некои од тие што се наоѓаат во тропски предели имаат метален сјај. Повеќе од 12.000 видови се досега познати (од проценети 22.000 видови), најголемата разновидност на мравки е присутна кај тропските предели. Таксономски истражувања за да се датира класификацијата и систематиката на мравки. Поради што мравките се релативно лесни да се истражуваат во екосистеми, тие се корисни за дознавање на еколошки промени на нивната средина и за истражување на биоразновидност.[26][27]
Мравки се уникантни во нивната морфологија, бидејќи, во спротивност на останатите инсекти, имаат искривени антени, метаплеврални жлезди, а и голема контрола врз нивниот втор абдоменален сегмент со јазлест изглед. Главата, мезозомата и метазомата се три целосно различни сегменти од телото на мравка. Нивната петиола формира тесна половина меѓу нивните мезозоми и е формирана од еден или две јазли.[28]
Исто како други инсекти, мравките имаат егзоскелет, надворешна подлога која функционира како еден вид на оклоп, а функционира исто и како точка за поврзување на мускулите, во спротивност на внатрешните скелети на ’рбетниците. Инсекти немаат бели дробови, кислород, јаглерод диоксид, и други гасови минуваат низ егзоскелетот низ мали вентили што се налик на душник. Инсектите исто немаат крвен систем, наместо него имаат долга тенка цевка на површината на телото (која е наречена дорсална аорта) која функционира како срце и пумпа хемолимфа кон главата, со кое што се одржува циркулацијата на нивните внатрешни течности. Нивниот нервен систем е составен од вентрална нервна линија која минува низ целото тело, со неколку ганглија и гранки до патот кон нивните екстремитети.[29]
Главата на мравка има многу сетилни органи. Како и повеќето инсекти, мравки имаат фасетни очи кои се состојат од голем број мали леќи кои се заемно поврзани. Очите на мравките се добри за приметување на движење, но не овозможуваат добра резолуција на слика. Исто имаат 3 мали ocelli (прости очи) на врвот на нивната глава со коишто можат да осетат ниво на светлина и поларизација.[30] Во споредба со ’рбетници, повеќето мравки имаат слаб или просечен вид, а дури некои подземни видови се целосно слепи. Некои други мравки, како австралијанската myrmecia, имаат многу добар вид и можат да ја проценат далечината на предмети во движење во реичиси метар на далечина.[31]
Две антени се зацврстени на главата на мравките, со овие органи тие можат да осетат хемикали, промаја, но и вибрации, истовремено се користат и за да даваат и примаат сигнали преку допир. Главата исто има и две силни вилици, мандибули, со коишто можат да носат храна, да користат предмети, да градат мравјалници, како и за заштита.[29] Кај некои видови има мало џепче во нивната уста каде што чуваат храна за да можат да го пренесат до други мравки или на ларвите.[32]
И нозете и крилјата на мравката истовремено се зацврстени за нивната мезозома. Нозете на мравките се искривени, со налик на кука на завршетокот, кое што им овозможува да се качуваат по секакви површини.[33] Единствено плодните мравки, односно матицата и машките единки, имаат крилја. Матицата ги губи своите крилја кога заминува да на направи нов мравјалник, со тоа остануваат видливи траги, кои се вообичаени кај матициите. Кај некои видови, постојат машки единки матица без крилја.[29]
Метазомата (стомакот) на мравката содржи важни внатершни органи, вклучувајќи ги тие за репродукција, дишење и за лачење. Кај работниците на повеќето видови, органот за произведување на јајца се користи и како боцка.[29]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.