број From Wikipedia, the free encyclopedia
Еден милион (1.000.000), или илјада илјади, е природен број следбеник на 999.999 и претходник на 1.000.001.
Број – Цели броеви 100000 1000000 10000000 | ||
---|---|---|
Кардинално | еден милион | |
Кратенка | мил. | |
Реден | милионити | |
Римски | M | |
Факторизација | 26 · 56 | |
Бинарно | 11110100001001000000 | |
Хексадецимално | F4240 |
Бројот 1.000.000=106=103x103. Физичките величини исто така може да се изразат користејќи ја SI-претставката мега, кога се работи со единици од SI-системот. На пример, 1 мегават има 1.000.000 вати.
Бројот милион е карактеристичен и за кратката и за долгата скала на бројни системи, за разлика од поголемите броеви, кои имаат различни имиња во двата системи. На пример бројот 109 во кратката скала се вика билион, а во долгата - милијарда, додека бројот 106 и во кратката и во долгата скала се вика милион. Билион во долгата скала го означува бројот 1012, а билијарда - бројот 1015. Овие броеви ги нарекуваме големи броеви.
Зборот милион има италијанско потекло, од зборот milione, што значи „голема илјада“. Друга основа е латинскиот збор millio, што значи „илјада илјади“[1].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.