From Wikipedia, the free encyclopedia
Куков Проток или Куков Теснец (англиски: Cook Strait) — проток помеѓу Северниот и Јужниот остров на Нов Зеланд. Со векови бил нарекувал „Раукава Моана“ од маорите, но моменталното име му се должи на Капетан Џејмс Кук, првиот европски командант кој го препловил (јануари - февруари 1770 г.).[1][2] На северната страна на протокот се наоѓа градот Велингтон, а пак на јужната, Марлборските Заливи итн. Облачен Залив.
Веднаш западно, на Јужниот остров се наоѓаат два големи залива, Златен Залив и Тасманов Залив, и западно, брегот на Северниот остров е вовлечен во облик на џиновска крива кон брегот Капити and Јужнотараначкиот Залив. Источно Јужниот остров е вовлечен, со тоа што крајбрежјето оди југозападно по главата на Камбеловиот ‘Рт. Кусото јужно крајбрежје на Северниот остров оди долж Палисеровиот Залив, а завршува на Палисеровиот ‘Рт. Велингтонските населби Офирски Залив, Островски Залив, Хутонов Залив, Лијалов Залив, Ронготаи, врвот Моа и Брејкеровиот Залив гледаат кон брегот на Куковиот Проток.
Во добри временски прилики може да се види целиот Куков Теснец. Најтесниот дел има растојание од 23 км (помеѓу Терафитскиот ‘Рт на Северниот Остров и Перановската Глава на островот Арапава во Марлборските Заливи). Обратноинтуитивно, на ова место крајбрежјето на Јужниот Остров се наоѓа посеверно од крајбрежјето на Северниот Остров.
Превозот преку протокот се врши со траект кој оди помеѓу Пиктон во заливите и Велингтон. Заливот често е бурен заради силни јужни (и други) ветришта, од кои најсилни се оние во појасот наречен „Разрикани четириесетки“ (Roaring Forties).
Просечната длабочина на протокот е 128 метри.
Кога холандскиот морепловец Абел Тасман го открил Нов Зеланд во 1642, тој мислел дека ова е источно затворен залив. Затоа тој го крстил Зехенов Залив, по еден од двата брода на експедицијата. Во 1769 Џејмс Кук увидел дека протокот е пловен.
Барем еден Маор го има препливано протокот („Раукава“) во 1831 г. По успешното препливување од страна на Бари Девонпорт на 20 ноември 1962, протокот е препливан многупати потоа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.