Кочабамба

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кочабамба

Кочабамба (шпански: Cochabamba) — град во Боливија. Кочабамба се наоѓа во Андите во долината Кочабамба. Кочабамба е главен град на департманот Кочабамба и трет најголем град во државата со урбано население од 608.276 според податоците од 2008[1]. Метрополитенската област на Кочабамба има повеќе од 1.000.000 жители.

Кратки факти КочабамбаCochabamba, Држава ...
Кочабамба
Cochabamba
Thumb
Thumb
Прекар(и): „Град на вечната пролет“
„Град-градина“
Thumb
Кочабамба
Cochabamba
Местоположба во Боливија
Координати: 17°23′S 66°10′W
Држава Боливија
ДепартманКочабамба
ПокраинаСеркадо
ОпштинаКочабамба
Површина
  Градска348 км2 (134 ми2)
Надм. вис.&100000000000028250000002.825 м
Население (2008)
  Градскo608,276
Мреж. местоhttp://www.cochabamba.bo/
Затвори

Името на градот е составено од кечуанските зборови qucha, што значи „езеро“, и pampa, што значи „отворена рамнина“.[2] Градот често се нарекува како „град на вечната пролет“ или „град-градина“ поради температурата во градот.

Демографија

Најзборуван јазик во градот е шпанскиот јазик. Шпанскиот дијалект во градот се смета за поконзервативен во поглед на фонетиката и зборовниот фонд, но сепак дијалектот примил поголем број кечуански или ајмарски зборови.

Најголем народ во градот сочинуваат американските староседелци, односно Кечуаните, Ајмарите и останати староседелци, а потоа следуваат мешаните народи и малцинското бело население. Градот важи за еден од најпрогресивните градови во државата во поглед на економска и социјална активност.

Управа

Кочабамба е главен град на департманот Кочабамба. Градската власт е поделена на извршна и законодавна. Градоначаникот е на чело на градската управа и се избира преку избори за мандат од пет години. Градоначаникот е шеф на извршната градска власт која е составена од 950 функционери и 6 пот-градоначалници.[3] Законодавната градска власт е во рацете на градскиот совет. Сегашен градоначалник (2012) на Кочабамба е Едвин Кастелјанос.

Збратимени градови

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.